ЛОКАЛИТЕТОТ „ИЗГИНАЛИЦА“ КАЈ СЕЛОТО ВРАНЧЕ, ОПШТИНА ДОЛНЕНИ, СО ОСТАТОЦИ ОД НАСЕЛБА ОД ПРАИСТОРИЈАТА, МАКЕДОНСКО-РИМСКИОТ ПЕРИОД, ДОЦНАТА АНТИКА И СРЕДНИОТ ВЕК
На околу 200 m западно од селото Вранче, на десниот брег на каналот за истекување на водата од рибникот кај селото Бело Поле, во близина на мостот се наоѓа локалитетот „Изгиналица“. Локалитетот ја зафаќа површината од триаголникот кој го оформува споменатиот канал и патот кој води во атарот на селото кон југозапад, во близина на една сточарска фарма. Тој претставува рамна површина од обработлива земја. На површината на теренот се наоѓаат бројни фрагменти од керамички садови со украсување, особено со врежување – рачки, устинки, аморфни фрагменти со разновидна боја на керамиката, од темноцрвена до нагласено црвена. Се среќаваат и фрагменти од питоси, тегули и други видови керамички предмети, како и фрагменти од стаклени садови и фрагменти од камени орудија. Добар дел од керамиката, првично, упатува на населба која на овој локалитет егзистирала во македонско-римскиот и доцноантичкиот период, како и во средниот век.

На северниот дел од локалитетот се појавува нагласено присуство на керамика со праисториски белези. Пред се, се среќават рачки од керамички садови со јазичеста форма, фрагменти од керамички садови со украсување со врежување, кое упатува на бронзениот или железниот период и сл.

Според наодите од керамика, се чини дека праисториската населба го зафаќала северниот дел од локалитетот „Изгиналица“, а на јужниот дел се развила населба во подоцнежните периоди, односно во македонско-римскиот, доцноантичкиот и средновековниот период. На површината од локалитетот можат да се најдат и фрагменти од куќен лепеж, а наместа и поголеми камени блокови. Извесни украсувања на праисториската керамика повеќе упатуваат на бронзениот период, но за поконкретна определба потребни се посериозни информации добиени со археолошко истражување.

Во атарот на селото Вранче се регистрирани повеќе археолошки локалитети со остатоци од култура од различни периоди. Тоа се: Аджина Бара, населба од римското време и средниот век, Горна Корија, населба и некропола од доцноантичкото време, Длабока Бара, населба од доцноантичкото време, Русоица, населба од доцноантичкото време, Стари Лозја, населба од енеолитското и римското време, Тумба, населба од доцноантичкото време и Црква Св. Никола, осамен наод од римското време.1

Според она што ни е познато во овој момент, локалитетот „Изгиналица“ изгледа дека не е регистриран во Археолошката карта на Република Македонија, освен ако не се работи за некој од погоренаведените локалитети, но со поинакво име.
АРХЕОЛОШКИ МАТЕРИЈАЛ НА ЛИЦЕ МЕСТО
1 Археолошка карта на Република Македонија, 292.
Рачка од праисториски керамички сад 2-1 Рачка од праисториски керамички сад Фрагмент од крушно оформена керамика со отвор во средината Рачки од керамички садови Фрагменти од керамички садови 6 Рачка од керамички сад Фрагмент од тегула Фрагменти од керамички садови од античкиот период Рачка од керамички сад со интересна форма Рачка од керамички сад 2 Рачка од керамички сад и фрагмент од тегула Фрагменти од керамички садови 7 Фрагменти од керамички садови 3 Устинка од праисториски керамички сад Фрагменти од праисториски керамички садови Фрагмент од керамички сад со украсување – праисторија Фрагмент од камено орудие 2 Фрагменти од керамички садови 4 Фрагменти од керамички садови 9 Фрагменти од керамички садови со украсување со боја Фрагменти од стаклени садови Фрагменти од керамички садови 8 Фрагменти од керамички садови 5 Фрагмент од камено орудие Фрагменти од керамички садови Фрагменти од керамички садови 2