ШАКИРОВА ЧЕШМА ВО ПЛАНИНАТА НАД СЕЛОТО ПРИЛЕПЕЦ, ПРИЛЕПСКО, НЕ ПОТСЕТУВА НА ВОЈВОДАТА КРСТЕ ГЕРМОВ – ШАКИР И НЕГОВИТЕ БИТКИ ЗА МАКЕДОНИЈА

Во 2011 година членови на Планинарското друштво „Јане Сандански“ од Прилеп чешмата ја обновиле и на неа поставиле спомен-плоча,а оваа година, на 03.08 повторно беше направен зафат за нејзино одржување и функционално оспособување во чест на празникот Илинден и Илинденското востание во кое активно учествувал и Крсте Гермов – Шакир. 

 

Војводата Крсате Гермов – Шакир од Прилеп е еден од најпознатите војводи од Прилеп и Македонија. Според едни, тој бил роден во 1868, а според други во 1875 година. Ние сметаме дека е точна втората година на раѓање. Уште како дете бил исклучително бунтовен и борец против ропството и неправдите. Бил во постојан судир со неговите врсници Турци во Прилеп, учествувал во таканаречените џенгови со нив и тоа се неговите први „битки“ против ропството. Кога пораснал активно се вклучил во Македонската револуционерна организација и принципиелно ги извршувал наредбите и задачите. Неговите битки се голем број и на многу места во Македонија. Во Прилеп, во Мариово, Прекуридско и на многу други места. Во Прилеп во куќата на Алимасковци, во Мариово во Витолиште, Зовиќ, Врпско, Дуње, Вепрчани, Кокре и на други места. Во Прекурид во битките кај селото Дрен, во која загинал војводата Петре Железарот од Битола, во Царевиќко и на други места, а во поблиските села во Прилепско, особено е позната битката кај селото Селце во која загинал Никола Каранџулов. 

Крсте Гермов – Шакир

Секогаш се борел храбро, речиси, бестрашно и успевал да се извлече од многу битки со далеку побројниот турски аскер. Бил особено близок со легендарниот мариовски војвода Толе Паша од селото Крушевица во чија чета пред Илинденското востание бил секретар, по востанието го поделиле Мариово и едниот бил војвода од десната страна на Црна Река, а другиот од левата, а по загинувањето на Толе, Гермов станал војвода на цело Мариово. Блискоста на двајцата војводи била, речиси, братска. Толе му се обраќал со „Бацко Крсте“ и, според некои од историчарите и раскажувачите тој го задржал името Крсте иако имал други имиња, како Сребре или Аргир.

Четата на Крсте Гермов – Шакир

По загинувањето на Толе Паша тој се впуштил во одмазда и ликвидирање на лицата кои го предале, односно соработниците на труската власт и грчката пропаганда. Меѓу другото, го ликвидирал и кметот од селото Чаниште во Мариово за кого се сметало дека е еден од оние кои го предале Толе Паша. Него, Крсте Гермов го пречекал еден ден кога доаѓал на пазар во Прилеп и го убил на патот кој водел преку Дренска (Селечка) Планина, над селото Прилепец, Прилепско. Кај него пронашол 5-6 лири и овие пари подоцна ги вложил во изградбата на чешма на еден од патиштата, односно во близина на патот Прилепец – Кокре, кој минува преку планината. 

Крсте Гермов – Шакир седнат во средината, лево Ризо Ризов, десно Александар Мартулков, а стојат, од лево кон десно: Димитар Попевтимов, Анастас Митрев, Панко Брашнаров и уште еден.

Крсте Гермов учествувал и во Балканските војни и добил орден за храброст,а подоцна се населил во Софија и таму живеел до 1944 година кога е поканет во слободна Македонија, избран за пратеник во Народното собрание и како најстар член, тој го отворил првото негово заседание. Умрел во 1862 година и, според неговата желба, бил погребан во градските гробишта во Прилеп, каде бил свечено испратен од голем број прилепчани, мѓу кои бил, особено омилен.

Спомен-плочата 2

Чешмата е зачувана до денес, изѕидана со камен и малтер, а водата била донесена со керамички цевки. Од нив денес има соамо остатоци, затоа што со текот на времето биле уништени и на нивно место е поставено пластично црево. Членови на Планинарското друштво „Јане Сандански“ од Прилеп, чешмата ја обновиле во 2011 година и на неа поставиле спомен плоча, а оваа година, односно, во чест на празникот Илинден и Илинденското восатание повторно беше напраена зафат за обнова на чешмата и нејзино функционирање. Чешмата располага со бистра, студена и лесна вода за пиење, а изворот е издашен и претставува еден од подобрите извори во планината. Чешмата се наоѓа на околу 3 километри над манастирот „Св. Никола“ кај селото Прилепец во близина на патот за селото Кокре. Посетата на оваа спомен-чешма претставува мал планинарски предизвик, а престојот во нејзина близина е особено пријатен.