СИЛНИОТ ОДМЕТНИК, СТОЈКО, ОД СЕЛОТО ПОЛЧИШТЕ ВО МАРИОВО
(Од спомените на војводата, Васил Балевски – Тројан, Бугарија – по потекло од Охрид – војвода во Мариово 1908 г.)
Источно од селото Полчиште води коњската патека до градот Солун, кој е најкраткиот пат од Албанија до Солун. Многу грабежи и убиства на трговци и разбојници се случиле по овој пат. Тука е Стојков гроб – некогаш, познат арамија, убиен од Турците. Како млад селанец, Стојко, бил многу силен. Носел на грб по една вреќа борина што ја сечел од боровите и ја носел, дури, до Битола и ја продавал. Борината е многу тешка. Еден Турчин во Битола му рекол: „Стојко, штом си толку силен, зошто не станеш арамија? Со твојата сила, ти ќе спечалиш пари и нема да мора да носиш борина на грб.“ Толку многу трговци минуваат низ Марихово, а можеш да убиеш и некои арамии. Стојко го послушал. Станал славен, но почнал да ги убива само народните изедници, турските разбојници кои господареле со овој пат. Мариовските селани не можеле да си ја гледаат својата работа. За нив бел ден немало, некаде киднапираа мома, некаде невеста, а некаде во селата малтретирале луѓе за храна и секакви мазници, кокошки, путер, јајца и друго и, на крајот, си терале кеф. Така Стојко, по своја иницијатива, почна да убива такви злосторници. Поставувал заседи на овој пат, во месноста „Равна Бука“. Равна Бука е прочуено арамиско место. Тука се крстосуваат патиштата од с. Баово до Мариово, од Пожарско до Мариово а, исто така, и Мариовските села: Градешница, Полчишта, Бешишта, Витолишта имаат посебни патишта по ридовите и сите водат до „Равна Бука“, а оттука преку „Кравишката Полјана“ до врвот „Кравица“ и, патот, продолжува до Мегленско, Солун итн. Таму каде што поставил заседа, има метеризи од камења поставени, којзнае од кои векови. Во тоа време, познатиот турски разбојник, Селим, со чета од неколку души, бил голем изедник на народот. Стојко чекаше два или три дена во шумата и, навистина, Селим и неговите придружници на коњи, облечени во плетена арнаутска облека со гајтани и украси, патуваа гордо и мирно, мислејќи дека никој не може да ги исплаши. Стојко добро измери со својата кримеклијка (пушка кременарка, зм) и го удри Селима. Селим падна на лице место, а неговите придружници избегаа. Ова место сè уште се нарекува „Селимов гроб“. Стојко, особено со ова убиство, стана познат надалеку во селата низ Мариово и Воденско. По неколку години, Стајко, одејќи по тој пат, наишол на заседа од аскер и, по долга престрелка, бил убиен и, сега, тоа место се нарекува „Стојков гроб“.

Оваа приказна, војводата, Васил Белевски, од градот, Тројан, Бугарија, по потекло од Охрид, Македонија, ја пренесува во своите спомени. Ја слушнал и запишал во 1908 година, кога бил војвода во Мариово.

Во обидот да го лоцираме местото за кое пишува војводата, Васил балевски, добивме само штури информации дека постои таков топоним, „Стојков Гроб“, но информацијата не успеавме да ја потврдиме. Инаку, според информациите од спомените на Балевски, ова место се наоѓа меѓу селото Полчиште и Меглен, односно, на патот кон Солун, на превојот од селото Полчиште за Мегленско. Интересно е дека, барајќи топоним, „Стојков гроб“, не успеавме да најдеме во Мариово, меѓу Мариовско и Воденско, но постои ист таков топоним меѓу селата Голем Радобил и селото Дрен, Прилепско, недалеку од врвот, Ќаве, на Дренска Планина. Топоними со слични имиња, односно, места, кои добиле имиња според загинувањето на разни лица во текот на историјата, среќаваме на многу места, а нам ни е познато местото, „Богданов Гроб“, кое се наоѓа, релативно, близу до „Стојков Гроб“, на истата, Дренска Планина, меѓу селата Дрен и Гудјаково (Гуѓаково), Прилепско. Топонимот, „Богданов Гроб“ го среќаваме и кај градот, Гурково, во областа, Стара Загора, Бугарија. За „Богданов Гроб“ во Македонија, жителите на селата, Дрен, Гуѓаково раскажуваат дека на тоа место бил закопан извесен, Богдан, според некои, од времето на НОБ.

Знаеме за уште еден топоним, поврзан со името, Стојко, кој се однесува на археолошкиот локалитет „Стојков Рид“, Гевгелиско, на кој е откриена некропола од доцната антика. Тој се наоѓа меѓу селата Габрово и Смоквица.

