МЕЃУНАРОДЕН НАТПРЕВАР ВО ЕКСТРЕМЕН ВЕЛОСИПЕДИЗАМ – „ТОПТАШ“ – ПРИЛЕП (CEVITANA DOWNHILL CUP – TOPTASH 2018 – ПРИЛЕП)
Вчера, 02.09.2018 година, по трет пат, во месноста „Топташ“ кај Прилеп, се одржа меѓународен натпревар во екстремен велосипедизам. Во категориите Elite, Junior, Masters, Hardtail и Hobby се натпреваруваа 42 натпреварувачи од Република Македонија, Република Грција, Австрија и Република Србија. Организатори на оваа екстремна спортска манифестација се клубот за екстремни спортови „Sky Riders Prilep“ и велосипедскиот клуб „Илинден“ од Прилеп. Велосипедистите се натпреваруваа на патека долга 1800 м, со старт од самиот врв „Топташ“, до неговото подножје.
За најбрзите тројца натпреварувачи на вкупниот настан беа доделени три награди: 15.000 ден, 10.000 ден и 5.000 ден., а за првите три места по категорија беа доделени плакети и медали.

Најбрзи беа следните натпреварувачи:
Прво место: Филип Илиев, со 2 минути, 54 секунди и 24 стотинки
Второ место: Лука Ѓорѓиевиќ од клубот „Oxigen“ од Скопје со 3 минути 2 секунди 4 стотинки
Трето место: Александар Николоски од од клубот „Extreme“ од Битола со 3 минути, 4 секунди и 3 стотинки

Првите три места по категории ги освоија:
Категорија „Elite“
Прво место: Александар Николоски од клубот „Extreme“ од Битола со 3 минути, 4 секунди и 3 стотинки
Второ место: Боби Иваноски „Extreme“ од Битола со 3 минути 5 секунди 62 стотинки
Трето место: Оливер Цветкоски од клубот „Extreme“ од Битола со 3 минути, 6 секунди и 34 стотинки

Категорија „Junior“
Прво место: Лука Ѓорѓиевиќ од клубот „Oxigen“ од Скопје со 3 минути 2 секунди 4 стотинки
Второ место: Кристијан Угриновски клубот „Oxigen“ од Скопје со 3 минути 7 секунди 50 стотинки
Трето место: Филип Ивановски од клубот клубот „Oxigen“ од Скопје со 3 минути, 15 секунди и 25 стотинки

Категорија „Masters“
Прво место: Vasilis Koutlemanis од клубот „Omixli Crew“ од Република Грција со 3 минути, 22 секунди и 0 стотинки
Второ место: Марко Павловиќ од клубот „Раднички“ од Република Србија со 3 минути 33 секунди 03 стотинки
Трето место: Evaggelos Teligioridis од клубот „Omixli Crew“ од Република Грција со 3 минути, 44 секунди и 27 стотинки
Категорија „Hardtail“
Прво место: Леонид Маркоски од клубот „Sky Riders Prilep“ од Република Македонија со 3 минути, 49 секунди и 47 стотинки
Второ место: Филип Цветкоски од клубот „Bad Boys“ од Република Македонија со 4 минути 6 секунди 56 стотинки
Трето место: Александар Стојкоски од клубот „ Sky Riders Prilep “ од Република Македонија со 5 минути, 51 секунди и 28 стотинки

Категорија „Hoby“
Прво место: Филип Илиев од Република Македонија, со 2 минути, 54 секунди и 24 стотинки
Второ место: Даниел Давчев од клубот „Pro Sport“ од Република Македонија со 3 минути 27 секунди 08 стотинки
Трето место: Artan Demiroski од клубот „ Extreme BT“ од Република Македонија со 3 минути, 34 секунди и 72 стотинки

Натпреварот заврши во убава атмосфера, со нагласена возбуда кај учесниците и посетителите, со оглед на вратоломната дисциплина на екстремен планински велосипедизам, кој се одвива по екстремни планински патеки. Во целиот натпревар имаше само еден, малку потрогателен инцидент, кога еден од натпреварувачите падна на околу 100 м пред целта. За среќа, помина со неколку полесни повреди на вратот и телото.
Ридот „Топташ“ беше активен по целата негова должина, од подножјето, па до неговиот врв. Посетителите и придружниците на натпреварувачите го искористија овој настан и за излет во природа, па беа лоцирани на разни места по ридот.
НАТПРЕВАР
ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ – ЗАВРШНИЦА
АМБИЕНТ