АЛАРМ ЗА БАДЕМОТ НА МАРКОВИ КУЛИ КАЈ ПРИЛЕП!!!

Маркови Кули кај Прилеп – споменик на природата и споменик на културата од исклучително значење има повеќе природни и културни обележја, преку кои го препознаваме. Бадемот е едно од растенијата кое се среќава на ридот и е таков препознатлив белег. За жал, ова родно растение е постојано изложено на уништување, особено последниве години, кога се врши масовна сеча на, и онака, малата популација. Последниве години се уништени неколку десетици стебла од ова интересно и отпорно растение со вкусни плодови. Ваквиот однос придонесува за нарушување на комплетната слика на споменикот на природата и споменикот на културата, „Маркови Кули“. Всушност, се создава грда слика, а особено се изложува на опасност од исчезнување растението од овој негов ареал, кој веруваме, е со милениумски континуитет.

Отсечено стебло во близина на Тронот
Отсечено и преостанато
Траги од сечата
Пресно отсечени стебла
Уште траги од масакрот
Постаро отсечено стебло

Бадемот (науч. Prunus dulcis, син. Prunus amygdalus или Amygdalus communis) кој е присутен на Маркови Кули кај Прилеп е од видот на обичниот бадем Amygdalus communis, неговото стебло расте и до неколку метри, а на овој локалитет има стебла, стари и по неколку века. Особено е забележлива популацијата на источните падини наридот, каде на две нивоа се развиле најмногу стебла од бадемовото дрво. За жал, и некои од нив, иако даваат обилен род, често се жртви на моторните пили. Само во 2015 и 2016 година се исечени неколку десетици стебла. Го забележува ли тоа некој од надлежните институции? До денес немаме таква информација!!! Ние ќе се обидеме да ја изнесеме состојбата со бадемот на Маркови Кули преку скромен текст и поголем број фотографии од масакрот направен последниве години. Се надеваме дека тоа ќе има позитивен одглас во пошироката заедница, како кај несовесните уништувачи, така и кај надлежните институции. Колкава е потребата од зачувување на главните обележја на овој голем и комплексен локалитет, како и зачувувањето на растителниот свет не треба посебно да нагласуваме.
За жал, состојбата со бадемовите стебла на Маркови Кули, во 2017 и 2018 година е уште полоша. Во последниве две години, забележавме дека со моторни пили се нападнати и некои од најстарите и најродни стебла бадеми, во повисокиот дел на ридот.

Стебла за следна сеча
Вистински масакр
Свежо сечено стебло
Од друг агол
Очистен простор

СЕЧА 2016

СЕЧА 2017