ПРИКАЗНА ЗА МОСТОТ ВО СЕЛОТО ЧАНИШТЕ, МАРИОВО, ПРИЛЕПСКО

Односот на власта кон граѓаните најубаво може да се види на лице место, преку согледување на состојбата во која се наоѓаат тие или состојбата во која дозволиле надлежните институции да се најдат, па дури и придонесле за неа, иако имаат сосема спротивна задача која, меѓу другото, е регулирана и со закон.

Селото Чаниште со славниот врв Маргара
Единственото кладенче „Цацка“, кое не пресушува при поголемите суши

    Примерот на селото Чаниште во општина Прилеп, е само еден од многуте слични примери. Сепак, има своја специфичност. Имено, ова село, кое во некои, не многу далечни, времиња имало и над 700 жители, освен асфалтниот пат изграден во далечната 1996 година, кој денес е ретко во исправна и безбедна состојба за транспорт поради  тешките оштетувања од страна на големотонски „шлепери“ за транспорт на камен од рудник за гранит меѓу селата Крушевица и Чаниште, до денес, речиси нема никава активност на надлежна институција за подобрување на животот на неколкуте десетици жители во него. Замислете, во овој 21 век, кој многумина го сметаат за некаков висок напредок, жителите на ова село пијат вода од единственото кладенче, „Цацка“, кое се наоѓа на неколку стотици метри под селото. Еден проект за снабдување вода започна уште пред дваесет и повеќе години, но запре во самиот почеток. Иако жителите, речиси, секоја година оттогаш се обраќаат до општина Прилеп за продолжување на реализацијата на тој проект – акумулација, која ќе биде снабдена со соодветен филтер, па покрај техичка да го снабдува селото и со вода за пиење, до денес никој од надлежните не мрднал, ниту со прст. Од многуте нивни проблеми е и мостот на Крушевичка Река, која тече по средината на селото и, често, знае да дотече со голем прилив на вода, па да не може да се премине од едниот во другиот дел од селото, бидејќи мостот кој е направен пред неколку десетици години е несоодветен и небезбеден за таква намена. Општината е информирана за тоа, речиси, секоја година повторно и се поднесува барање за негова реконструкција, но до денес немаме инфоормација, ниту дека е направен, каков-таков увид од надлежните служби. Уште повеќе, при еден разговор со еден од раководителите на надлежните служби, следеше одговор: Па, таму нема луѓе! Што да кажеме на таквата изјава, освен дека, според се, таа е уште на „сила“.

Обид да се премине надојдената река

            Колку за пример, ќе изнесеме дека во селото и денес живеат триесетина жители, дека има десетина сточари, неколку пчелари, како и жители кои се занимаваат со други дејности. Да не говориме за потребата од пат, мост, вода за пиење и техничка вода, како и голем број други елементарни потреби, кои ги нема селото до денес, а од кои зависи развојот на таа средина и присуството или неприсуството на разновидни дејности во тој простор.

Мостот во селото Чаниште од југ

            Во продолжение ќе пренесеме и неколку членови и делови од членови на Законот за Локална самоуправа и Законот за јавни патишта со кои недвосмислено се потврдуваат конастатциите дека некои средини во општината и државата се оставени сами на себе и покрај постоењето на закон кој ги обврзува надлежните институции за решавање на проблемите и оддржување на соодветната инфраструктура.

Мостот во селото Чаниште со ребрест лим од Првата светска војна

            Наша надеж е дека денот кога надлежните институции сериозно ќе се зафатат со своите законски регулирани и обврзувачки активности ќе дојде што поскоро!!!

Мостот во селото Чаниште со надојдената река

            Се надеваме и тоа дека не треба да потсетуваме дека споменатите институции се финансирани од буџет, кој се „крепи“ на давачките на граѓаните, меѓу другото и на оние од селото Чаниште, како и од другите села во таа област и во Македонија.

Мостот во селото Чаниште од северозапад

ЗАКОН ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

Член 2

Поименик

  1. “Надлежност на општината” е збир на работи од јавен интерес од локално значење кои општината, во согласност со закон, има право да гиврши на своето подрачје и е одговорна за нивното извршување;

Член 11 – (7) Изворите на приходите на општината треба да обезбедатсоодветно извршување на нејзините надлежности утврдени со закон.

Чл. 21 –

Надлежности на општината

(1) Општините самостојно, во рамките на законот, ги уредуваат ивршат работите од јавен интерес од локално значење, утврдени со овојили друг закон и се одговорни за нивното вршење.

Чл. 22 –

Листа на надлежности

  1. Урбанистичкото (урбано и рурално) планирање, издавањето на….
  2. Комуналните дејности – снабдувањето со вода за пиење; испораката на технолошката вода; …. уредувањето и организирањето на јавниот локален превоз на патници;

изградбата, одржувањето, реконструкцијата и заштитата на локалните патишта, улици и други инфраструктурни објекти;

ЗАКОН ЗА ЈАВНИ ПАТИШТА

Член 25

(1) Јавните патишта се проектираат, градат и реконструираат согласно со својата намена, овозможувајќи безбеден и непречен сообраќај …

  1. ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНИТЕ ПАТИШТА

(1) Работи на одржување на јавни патишта, во смисла на овој закон, се работите на редовно, зимско периодично и интервентно одржување.

Член 36

(1) Работи на редовно одржување се сите активности со кои патот континуирано се одржува вофункционална состојба и безбедно одвивање на сообраќајот.

Обид на ќителите на селото сами да се снајдат за вода -2
Обид на ќителите на селото сами да се снајдат за вода