ТАИНСТВЕНА СОЛЗА
(Од необјавената поетска збирка „Кучешко време“, 9-ти дел „Само сеќавање“)
Сè е само сеќавање,
ништо реално во овој свет,
сè е момент изминат,
често недоживеан,
со чувство мистично и
копнеж по недостижно,
со тага пронижен
и со солза таинствена
облагороден.