ГОВЕДАРО СО СРЕБРЕНАТА СТОЛИЦА

(Од книгата, „Народни умотворби од Пелагонија и Мариово“

Автор: Томе Велјаноски

Подготвил: Тренчо Димитриоски)

Еден ден излегол Господ да прошета и посети сточарите. Некаде околу пладнина, кога било времето најжешко, отишол Господ кај гове­даро преправен во стар бел дедо и му рекол:

        – Добарден говедаре!

        – Добарден дедо! – одговорил говедаро седнат на сребрена столица, а говедата до тој ден се крдареле.

        – Како си, што чиниш? – прашал Господ.

        – Ами, дедо – рекол говедаро – еве, времето е жешко, притушно, гове­дата се крдарија од жештината, чекам да се позалади, да ги потерам на пасење.

        – Чедо да те прашам, дали има овде вода во близината?

        – А, има дедо.

        – Каде?

        Говедаро, седеќи во сребрената столица, од голема мрза што имал, ‘е поткренал, испружил ногата да му покажува на стариот човек каде има вода, прднал и покажал со испружена нога:

        – Е, онаму дедо, кајшто отиде прдешо, таму има вода!

        Господ, преправен во стар, бел дедо, му рекол на говедаро:

        – Оди чедо, во ова бардето, вода на дедо да му залееш!

        Говедаро, од голема мрза што имал, го излагал Господ.

        – Дедо, ќе си ги потерувам говедата да пасат.

        Не му било това на говедаро, само не му се напуштала сребрената столица.

        Господ го осетил говедаро да е со крената глава, му рекол:

        – Добро чедо, кога не можиш ти да ми залееш вода, дедо ќе појди, ќе си залее.

        Господ со бардето се одалечил од говедаро, како за по вода да оди, кога му го пуштил штрколо на говедата, кога се разбегале говедата, које кај види, вит виделите станале. Говедаро ‘е оставил сребрената столица, се загнал да ги собира расштрклавените говеда, цел ден трчал таму – ва­му, ‘е заборавил сребрената столица, каде била.

        Господ го проколнал говедаро.

        – Век и векови со твојот занает говедарски да бидиш, селски изме­ќар, говедар и последен човек да бидиш, сиромав живот да имаш, сирома­шен, куќа, колиба да ти е! Наследниците твој лошо име да носат, гове­да­ри селски да бидат!

        Старите луѓе велат: – Сите говедари во свето се сиромаси и потек­ну­ваат од истиот сој, од говедаро со сребрената столица.

        Господ го напуштил говедаро отишол кај овчарчето, које било во бли­зина со говедаро, трчало, ги собирало расштрклаевените овци. Отка­ко Гос­под го напуштил говедаро и тргнал за кај овчарчето, во местото каде што одел, према овчарчето, Госпо забележал овци удавени од вол­ко, недоја­де­ни, местото почнало да мириса. Застанал Госпо, се пораз­ми­слил и рекол:

        – На волко секој ден по една овца му се следува, ама многу му е. Досегашниот план ќе го смениме.

        Госпо зел два калеши камење, ги фрлил нагоре во висина, оживеле, постанале машки и женски орли и Господ ги благословил да ‘е соберат сета останата мрша од овците. Со благослово:

        – Орли мршари да се викате, високо да летате, далеку да гледате, вие и вашите потомства никогаш да не убивате, за век и векови само со умрена мрша да се храните, да бидете чистачи на земјава од мршата на умрените животни на земјава. Бојата нека ви остани иста како на каме­њето што ги фрлив, калеша! – рекол Госпо во благослово.

        Господ отишол кај овчарчето преправен како стар дедо, го поздра­вил овчарчето со “добарден овчарче”, добил одговор, “дал ти бог добро дедо”. Проговорил Господ:

        – Дете, да те прашам дали има вода, овде, во близината? Душа на дедо му изгоре за вода.

        – Има дедо, на она место! – покажало овчарчето со рака, према изво­­ро на водата.

        Дали можиш на дедо со бардево вода да му донесиш? Едно сум стар, а да не не можам изворо да го најдам? – рекол Господ.

        Овчарчето рекло:

        – Дедо, ќе појдам вода да ти донесам, едно овците ми се штрклават, не можам да ги соберам, а и волко му е редо овци од кај мене денес да си земи.

        – Ти, дете, појди залеј ми вода, јас овците ќе ги вардам! Ако дојди вол­­ко да зема овца, додека ти не се вратиш, волко ќе чека, нема да му давам овца да земи.

        Овчарчето го послушало старио дедо, отишло, од изворо залеало вода, кога се вратило кај овците старио дедо ги собрал овците под него­вата капа, скрдарени, лежат под сенка. Волко дошол и ‘е фатил најуба­вата овца. Господ, на волко, му рекол:

        – Досега беше така, си земаше секој ден по една овца, која ти сака­ше. Од денес повеќе нема да биди така поради ти преостанува многу ме­со, местото се смрде од месо, ќе ‘е земиш таа овца што ќе ти ‘е одреди­ме! – и покажал старио дедо Господ на едно слабо, дрсливо шилеже.

        Волко не сакал да го земи дрсливото шилеже, бара најубава овца. Старио, дедо Господ, му рекол на волко:

        – Овците ќе ги наредиме во ред, која овца ќе биди последна, таа ќе ‘е земиш!

        Во редо последна овца останало дрсливото шилеже. Волко не сака да го земи дрсливото шилеже, бара убава овца. Стариот, дедо Госпо, му рекол на волко:

        – Пак овците ќе ги ставиме во ред, која овца ќе излези прва во ре­до, таа ќе ‘е земиш!

        Тогаш волко пристанал мислеќи дека секогаш најубавите овци одат први во редо. Кога овците, поново, ги наредиле дрсливото шилеже излег­ло прво во редо.

        Откако волко видел да, поново, му паднало да го земи дрсливото ши­ле­же, отишол во булуко овците и ‘е фатил најубавата овца. Се налу­тил Гос­по и мавнал на волко по грбо со кавало, зел два бели камења в раце, ги удрил еден од друг, ги фрлил камењето по волко, камењето ожи­веле, ста­на­ле кучина, женско и машко, и го потерале да го гонат волко. Госпо му рекол на овчарчето:

        – Овие две кучина ќе ги храниш, носиш со овците да ги чув1т од вол­ко и ќе ти се размножув1т. Од сега, повеќе никогаш да не му даваш овца сам да зема, ако укради ќе јади, ако не ќе гладува! – му рекол Госпо на овчар­чето.

        Госпо овчарчето го благословил дека му донесло вода да се напија, со благослов свирач и пејач да биди, овците каде ќе ги паси местото да го весели, сето негово потомство да бидат свирачи и пејачи. Сите пејачи и свирачи денес на земјата се потомци на тогашното овчарче.

        Останало од тогашниот благослов, ако човек тргни овчар да оди, без разлика на годините, со него носи некој дувачки инструмент, било кавал, шу­пелка или сурла. Овчарските свирки и песни стално се слуш1т во место­то каде пасат овците. Поготово кога овците ги пасат ноќе во лет­но време.

        Во минатите времиња било за родителите голема радос и гордос кога нивното машко дете ќе порасти овчарче да го пратат, ем овците ќе ги паси, ем и свирач ќе биди, гајдаџија, ора и песни на средселото ќе му свири. И затова имало многу селски гајдаџи.

        Старите велат за волко: – Од ударо со кавало, од страна на Гос­по, волко останал неподвижен во врато. Ако имал потреба да се заврти назад не можел врато да го врти, се вртел целосно, како возиште од зап­режна кола. Со клетвата на Госпо над говедаро, од во сребрена столица, станал селски слуга, говедар. Говедата станале жртва на штрколо, да ги брка на горештината, додека овчарчето, со неговиот однос према Госпо, добило благослов неговите овци да се крдарат и лежат на жешкото вре­ме под сенките.

Приказната ми ‘е кажувале дедо ми, татко ми, повеќемина,постари, марулци и овчари од околните села