ИНТЕЛЕГЕНЦИЈАТА НА ВОДИТЕ

(Од необјавената поетска збирка „Кучешко време“ – петти дел „Вистината“)

Моќта е во височините,

вечен стремеж кон небото,

нејзин темел се долините,

подлога низините,

но врзно ткиво се реките,

интелигенцијата на водите,

кои ги влечат како меморија

на времињата,

на Еригонот и вечната

вселенска борба,

безвременско поврзување

на културите и цивилизациите

во една душа,

еден миг.