ОД НЕОБЈАВЕНАТА ЗБИРКА „КУЧЕШКО ВРЕМЕ“ – втор дел: „Кучешко време“

КУЧЕШКО ВРЕМЕ

Кучињата лаат на ѕвездите,

лаат на темнината,

на светлината,

р’жат на небото,

на синевината,

им се забат на луѓето

и на добитокот, нејасно зошто,

без посебна причина,

ги покажуваат песјаците,

со лути искри во очите,

напаѓаат на простодушните,

на плашливите и наивните,

во името на времето,

на идеологијата и свеста

за голиот опстанок,

во универзумот преполн

со празни суштини

и груба реалност,

владее царство на себичноста

и омразата,

подгреано од ниска страст

и земни вредности.

Минуваме крај лаежот

со силно чувство на лигавоста

од песја пена,

која тече, а лепливи капки

го прават мрсен воздухот

што го дишеме како зараза,

од проста насушност и,

без да сакаме,

стануваме дел

од кучешкото време.

воздухот

што го дишеме како зараза,

од проста насушност и,

без да сакаме,

стануваме дел

од кучешкото време.