ОД НЕОБЈАВЕНАТА ЗБИРКА „КУЧЕШКО ВРЕМЕ“ – прв дел: „Во канџите на стравот“

СВЕТОТ Е ГОЛ

Светот е гол и валкан

сиви магли се влечат

по ридишта од отпад,

под заразена кора

гние здраво семе,

ќе изникне мутиран ген

на суштество клето,

ѓавол подготвен за игра

со најсвети нешта,

божји творби.

Потребна е мудрост

злото да го сопре,

и голи гради

пред нечиста сила,

кревка жртва

да крикне пред ѕверот

бесно, жално и плачно,

и радосно и милно,

да разбуди надеж,

до создаде искра,

да блесне зрак

и светлина да облее

во бескрај.