ФАСЦИНАНТНА КАМЕНА ПОРТА НА АРХЕОЛОШКИОТ ЛОКАЛИТЕТ „РИДОТ“, КАЈ СЕЛОТО МАЖУЧИШТЕ, ПРИЛЕПСКО
Овој објект се наоѓа на локалитетот „Ридот“, Мажучиште, кој се наоѓа од источната страна на селото и од западната страна на градските гробишта. Од прилеп е оддалечен околу 7 км. Локалитетот „Ридот“ располага со археолошки остатоци од населба од праисториското време – потврдено е железното време,, но располага и со археолошки материјали од постаро потекло, најмалку енеолитот. Утврден е и слој од македонскиот период со градби од камен, керамички садови и монети. Објектот е составен од три камени елементи. Двата дела се делови од карпата со вертикална форма, а меѓу нив е заглавен еден посебен дел со полукружна форма. Целиот објект добил форма на вистинска порта, која доминира на тој дел од просторот и силно го привлекува вниманието. Се наоѓа на понискиот дел од врвот. На локалитетот се наоѓаат и камени орудија, како и монети од македонскиот период, фрагменти од мегарски чаши, керамички тегови, фигури и сл. На самиот рид, во повисоките делови, но и на падините и во подножјето, можат да се најдат и други видови објекти обработени во камен, со правоаголна, кружна или друг вид форма.

Димензии
висина:
– од југ околу 2,30 м
– од север до 3,20 м
должина: околу 5 м
ширина: околу 1,5 м

Датирање: 5000 – 3500 г. пр. н.е.
ФОТОГРАФИИ ОД КАМЕНАТА ПОРТА И ОКОЛИНАТА
АРХЕОЛОШКИ ПРЕДМЕТИ ОД ПОБЛИСКАТА ОКОЛИНА