ВОДИЦИ ВО СЕЛОТО БУДИМИРЦИ, МАРИОВО, ОПШТИНА НОВАЦИ
Селото останало со малку жители, како и повеќето села во „заборавената“ македонска област Мариово. Некој ќе рече, пусто е, готово е, нема живот, нема иднина: Ние сме сигурни дека тоа е тешка заблуда. Точно е. Не е како што било некогаш и никогаш нема да биде исто. Сепак, духот е присутен, животот притаен, но тука е. Во селото има само неколку редовни жители кои се занимаваат со сточарство или пчеларство, но повеќе куќи се обновени, зацврстени и личат на нов почеток. На импулс на идниот развој. Се разбира, ова сега е нешто поинаку од тоа порано, а можеби започнува да се развива и нешто ново, поинаков живот, поинаква активност, но сепак не далечна од она што може да го „прифати“ атрактивниот, живописен простор, со „разиграна“ геологија, но и со скриена и нескриена убавина, која силно го поттикнува природното во нас и привлекува како магнет. Долу под селото, од неговата јужна страна, змиулесто ги заобиколува ридовите и атрактивните карпи реката Белица, со два моста – еден нов, дрвен и друг од камен и бетон, на местото од стариот мост преку кој поминува стар пат со калдрма за кој постарите велат дека отсекогаш минувал тука и бил стар пат за влез во овој дел од Мариово.

Токму тука се одржа и осветувањето на водата и фрлањето на светиот крс за празникот Богојавление – Водици – традиција која жителите на селото, тие кои живеат во него и оние кои се прееселиле, но се навраќаат во него ја организираат секоја година. Тука кај мостот, во близина на „Светецот“, кој претставува атрактивна и импознатна карпа, која отсекогаш се сметала за света и денес ја обележуваат две икони, една живопис – не се знае од кога потекнува и друга метална – апликација од поново време. Амбиентот е велечествен. Се започна со вадење на иконите од убавата црква „Св.Никола“ формирање на поворка и одење со милитви и пригодни песни по патот кон мостот на Белица на чело со свештеникот Атанас Степаноски и црковното знаме. По одржувањето на службата свештеникот го фрла крстот во бистрата вода на реката под мостот, а три млади момчиња се фрлија по него во бистрината на студената Белица. Долго го бараа крстот во водата, а на крајот со храбар скок крстот го пронајде Мендо Стојчески, родител на едно од мочињата кои први сконаа. Ете, традицијата беше успешно завршена и оваа година, а поворката повторно се формира и се упати кон црквата, каде продолжи со делење на парчиња од погачата со паричка, со песни и ручек во чест на празникот. Тука едно мало чудо ја „поткрена“ атмосферата. Паричката му се падна на Мендо Стојчески, кој го фати и крстот во Белица. Случајност? Можеби! Секој според убедувањата, но радоста беше голема.
Црквата „Св. Никола“ Мендо Стојчески со семејството Мендо Стојчески Црквата „Св. Никола“ со дел од селото Будимирци Селото Будимирци Назад кон црквата На мостот на реката Белица На мостот на реката Белица 2 Кон реката 2 Одмор н Птот кон реката Подготовка на поворката со иконите