ГОСПО НА МАЖО МУ ЗАБРАНИЛ ДА РАЃА ДЕЦА
(Од книгата, „Народни умотворби од Пелагонија и Мариово“ Автор: Томе Велјаноски Подготвил: Тренчо Димитриоски)
Откако ‘е створил Госпо Ева од опашката на ѓаволо, ги ставил со Адам, почнале да си ‘е тер1т слатката, ноќна игра. Од тие ноќни игри, Ева останувала несама, трудна, и изродила повеќе деца. Наредните Евини деца, кога мајка му Ева ги милувала децата, му велела, “Милите на мама!”, а поретко се слушал зборо, Ева да речела, “Милите на тате!. Евината милос према незините деца, таткото Адам ги сватил како отфрлен, понижен и завис и, уште, во мислите си додал, “Таа, ем можи со мене на работа токму да биди и деца да раѓа, повредна е од мене. Е, и јас сакам да си родам моје дете, ќе ми биди мило, мое родено!”.
Адам, од овие мисли, отишол на поплака кај Госпо и му рекол:
– Господе мој, јас се осеќам себе си понижен. Ако можи Ева да ги работи сите работи како мене и деца да раѓа, исто сакам и јас да си родам свој деца! Исто сакам и јас да се радувам над моите деца, како мајка, како што Ева се радува над незините деца!
Господ го советувал Адама и му рекол:
– Е, Адаме, кога ти створив жена од твојето тело не ти чинеше. Ева ти ‘е бендиса, створена од ѓаволовата опашка, сега ќе мораш со незе да живееш! Ти си татко на незините деца. Ева, без тебе, не можи да раѓа деца.
Адам не пристанувал на господовото советување и велел:
– Господе, никој не го гледа мојот труд и работа околу зачнување на незиното дете а, додека, сите ќе разберат и видат да Ева роди дете. Јас се осеќам како отфрлен – му рекол Адам на Госпо – и затова јас сакам да си родам мое дете!
Госпо се размислил и за да ‘е задоволи Адамовата желба му дал збор да и тој ќе почни да раѓа деца, за да не се осеќа понижен од неговата друшка Ева. Госпо го заспал Адама и му направил расек, отвор, на неговата машка нареда за да можи и Адам да раѓа деца. Откако расечената рана му заздравела на Адам, Госпо го повикал Адама во рајската градина и го натерал да проба мирисо од повеќе цвеќиња во рајската градина за да не знае, Адам, од кое цвеќе зачнал. Адам, од миризбата на цвеќињата во рајската градина, зачнал. Откако Адам зачнал, почнал да се здебелува, отежал, тешко се движел, не бил куветлија како пред зачнувањето, почнал да прави поплаки до Госпо. Господ му рекол:
– Ти, Адаме, сам си сакаше, сега плодо, рожбата, мораш да ‘е износиш, да го породиш!
Кога дошло време Адам чедото да го пораѓа имал големи болови, потешкот2, ѕвезди деници пред очите му се гледале, небото прешлен го гледал. Во самото породување Адам променил многу места од болештини и последно место го одбрал багремо во дворо, се качил, застанал меѓу гранките, во чепорашките, и почнал силно да напиња и така, од силното напинање детето се породило. Но Адам, од болештините, не успејал детето да го фати в раце, паднало долу по гранки и, на земи, умрело. Дошол Госпо да го види Адам со породувањето, го видел детето паднато на земи, умрено. Господ го прашал Адама:
– Зошто го умре рожденството твоје?
– Не можев, Господе, од болови да го задржам.
Господ, тогаш, му рекол на Адам:
– Ти направи голем грев, можам да те предадам да вариш во казано со катран, кај ѓаволо, за сторенио грев! Те проколнувам – му рекол Госпо – никогаш повеќе челад да не родиш од твојата утроба, радос да правиш со рожбата на твојата жена, од твојот мајсторлак, за век и векови, и твојот мајсторлак на мегдан да не се гледа! А, додека, тебе, багреме, те колнам како убиец на Адамовата рожба, за на век со боцки да се браниш, плод да имаш, слач да нема да ти се јади!
Госпо, поново, го заспал Адама, му ‘е сошил отворената дупка за пороѓај. Раната оздравела, ама белего, лузната, стој и се познава и ден денес, сечена право наполу, па половните органи, одоздола се со линија, каде била крпена дупката, се со линија, сечена, разделена на два дела. И кожата останала обесена надвор, од напинањето на Адам кога пораѓал.
Затова кога еден маж ќе се здебели му се вели: – Си се здебелил како да си мирисал цвеќиња во рајската градина!”
Приказната ‘е кажуваше со овците во далечната година 1957
Јанкоски Илиев Петре (1998 – 1983) с. Марул.
Му пренесол неговиот дедо, очув на татко му,Чунтески Трајче, домазет кај Јанковци од с. Бонче