ЗБОР – ЅВЕР

(Од необјавената збирка „КУЧЕШКО ВРЕМЕ“ – прв дел: „Во канџите на стравот“)

Трагав по збор

низ светлина

и во мракот.

Го најдов скрит.

Тогаш дознав:

зборот бил ѕвер

мисла свежа

ми изеде,

станав празен.