РАЗРУШЕН МАНАСТИР СО КУЛТУРНИ СПОМЕНИЦИ ОД АНТИЧКИОТ ПЕРИОД ВО БЛИЗИНА НА СЕЛОТО ГОЛЕМО МРАМОРАНИ, ПРИЛЕПСКО
На неполн километар северно од испустеното село Големо Мраморани и денес опстојуваат остатоци од извесен стар манастир. Манастирот се наоѓал на неполн километар северно од Големо Мраморани. Денес, тука се наоѓаат остатоци од црквата, која била градена со камен и малтер, а во неа се наоѓа и еден стар мермерен столб, кој бил поставен во олтарот. Во околината на црквата има траги и од други градби, односно, конаци и стопански згради, како и елементи од мермер со видливи траги на профилирање и релјеф, како и една фрагментирана надгробна плоча. Се среќаваат и фрагменти од керамички садови, а има и поголем број гробови издлабени во карпа, но и со конструкции од камени плочи. Една помала некропола со гробови длабени во карпа се наоѓаат на стотина метри јужно од манастирот, во близина на една карпа со пирамидална форма, која била заедничко обележје на покојниците во некрополата. Во рамките на оваа некропола се наоѓа и еден поголем објект изработен на рамна карпеста површина, односно камен винарник – објект за гмечење грозје, кој е зачуван во целост. Веројатно е дека тој има подоцнежно потекло, односно, најпрво тука егзистирала некропола во карпа, а подоцна бил изработен винарникот.

Во близина на овој манастир, на помало или поголемо растојание, по карпите расположени по падините се среќаваат и неколку други камени винарници, односно објекти во камен за гмечење грозје. Тоа упатува на старо потекло на лозјарството во големата долина, која е расположена од југоисточната страна на планината Негре, како и во понискиот дел, во долината на селото Мажучиште. По карпите се забележуваат и други обработени форми, како каналести форми, корита и сл. Едно корито во еродирана состојба се забележува од северната страна на црквата, на околу 100 m во повисокиот дел, под карпите.

Тешко е да се каже во кој период бил активен манастирот и до кога опстојувал, но присуството на некои мермерни елементи, како и фрагментите од керамиката, укажуваат на тоа дека на овој простор егзистирале извесни градби уште во подлабоката антика, најмалку римскиот период. Постоењето на мермерен столб, со правоаголен сад на горниот дел, како и на оштетен надгробен споменик од мермер, со натписно поле и релјеф во кој биле изработени најмалку четири човечки фигури во стоечка положба упатуваат на градби уште во првите векови на првиот миленим и сосема е веројатно дека ова место има старо култно потекло. Дали на ова место постоела црква и во раното христијанство, тешко е да се тврди, но ваквата претпоставка не треба да се исклучува. Во средниот век била изградена помала еднокорабна црква, со полукружна апсида, со врата на јужниот ѕид над која имало и живопис, веројатно со ликот на св. Богородица. Тешко е да се констатира постоење на живопис во другите делови на црковната градба, иако траги од малтер можат да се забележат на некои делови од внатрешниот ѕид.

На повисоките делови на ридот, северно од манастирот, на околу 500 m растојание, има и еден помал локалитет расположен на тумба со рамно плато со приближно правоаголна форма од околу 0,3 ха, кое се чини дека било заградено со ѕид од камен. Извесни траги од ѕидот и денес се забележуваат на некои делови под работ на платото. Имале ли некогашните жители на манастирот и посебно прибежиште во немирните времиња? Дека во извесен период на овој простор имало нагласена активност и престој на извесен број жители може да се констатира до разновидните наоди по теренот. Такви се фрагментите од керамички садови, тегули и цигли кои, исто така, упатуваат на архитектонски издржана градба во античкиот период. Се среќаваат и фрагменти од питоси, остатоци од ѕидови, растурен градежен камен, а може да се идентификува и влезот во кругот на манастирот, односно, местото на портата, која изгледа се наоѓала на јужната страна, каде се соочуваме со еден израмнет и засечен дел на карпа, како и неколку поголеми камени блокови на тој дел од локалитетот. На престојот на извесен број жители упатуваат и поголемиот број гробови, кои се среќаваат во околината, особено малата некропола од јужната страна, но и на други места во блиската околина. Во кругот на манстирот имало и извор со вода, кој и денес е зачуван заграден со помали и поголеми камени блокови и поголема јама во која се собира вода од изворот. Веројатно е дека оваа вода имала и култно значење, односно била и вода од типот на манастирски лековити води.
ФРАГМЕНТИ ОД КЕРАМИЧКИ ПРЕДМЕТИ
Фрагменти од питос и од тегули во нишата над вратата на јужниот ѕид Фрагмент од питос – устинка во нишата над вратата на јужниот ѕид 2 Фрагмент од питос – устинка во нишата над вратата на јужниот ѕид Фрагмент од цигла со старо потекло
МАЛА НЕКРОПОЛА ВО КАРПА
Малата некропола во камен – гробови во карпа и винарник Карпа со пирамидална форма обележје на некрополата Мала ниша во карпата со пирамидална форма од страната на некрополата Винарникот во карпа на просторот со некрополата Гробови издлабени во карпа од некрополата Гробови издлабени во карпа од некрополата 2 Два гроба во карпа од некрополата 2 Два гроба во карпа од некрополата Просторот со некрополата Нкрополата од југоисток Гробо издлабен во карпа од некрополата Гробови издлабени во карпа од некрополата 4 Гробови издлабени во карпа од некрополата 3
ОСТАТОЦИ ОД ЦРКВАТА И НЕЈЗИНАТА ОКОЛИНА
Црквата од североисточната страна Локалитетот со манастирот од северната страна Корито во камен на северната страна од црквата 2 Корито во камен на северната страна од црквата Градбата на црквата од јужната страна Виста – врата на јужниот ѕид Мермерен столб со правоаголен сад на врвот Остатоци од малтер на ѕидот во олтарот Мермерниот столб 2 Мермерниот столб Апсидата однатре Остатоци од ѕид од стопански објект Вратата на јужниот ѕид со нишата Црквата од југоисточната страна Изворот Црквата од јужната страна 2 Црквата од јужната страна Локалитетот со манастирот од југ Големи камени блокови при влезот вцо манастирот Местото на кое се наоѓала портата – од внатрешната страна Местото на кое се наоѓала портата – од надворешната страна Остатоци од ѕид од стопанска градба Црквата од југ Црквата од југоисток
НИШАТА СО ФРАГМЕНТИ ОД ЖИВОПИС
Нишата со остатоци од живопис Остатоци од живопис во нишата над вратата на јужниот ѕид 3 Остатоци од живопис во нишата над вратата на јужниот ѕид 2 Остатоци од живопис во нишата над вратата на јужниот ѕид Ниша со остатоци од живопис над вратата на јужниот ѕид
МЕРМЕРНА ПЛАСТИКА
Мермерен столб со правоаголен сад на врвот Мермерен столб во близина на олтарот изваден од своето место од трагачи по богатства Мермерниот столб 2 Мермерниот столб Фрагмент од релјефот на мермерната стела Фрагмент од мермерна стела со релјеф Фрагмент од мермерен блок
ТУМБАТА СО ТРАГИ ОД ОБЅИДУВАЊЕ НАД МАНАСТИРОТ
Тумбата над манастирот со траги од обѕидување Долга основа од ѕид на тумбата над манастирот од источната страна Други остатоци од ѕид на тумбата