МЕГАЛИТОТ КАЈ СЕЛОТО ДОБРУШЕВО, ОПШТИНА МОГИЛА

Овој особено интересен мегалит, е вистински примерок на мегалитска култура во Пелагонија, како по својата димензија и форма, така и по местоположбата која ја зафаќа. Имено, тој се наоѓа на исклучиво рамна површина, далеку од ридестиот раб на Пелагонија, што значи дека е специјално обработен и донесен на местото за одредена намена, која е тешко да се идентификува.

Од поблиску
Од поблиску

На околу 2 км југоисточно од селото Добрушево, на 200 м јужно (десно) од патот за селото Мусинци, се наоѓа исправен монолит,1 среде во Пелагонија, на повеќе од 5 км растојание од првиот рид со камен. Монолитот има плочеста форма, бил обработен со јасно изразени агли, а во најгорниот дел имал форма на купола. Менхирот е завртен со широките страни приближно исток – запад, (поточно, североисток – југозапад). На двете површини – источната и западната, па и на тесните површини – јужната и северната се среќаваат повеќе кружни задлабувања со пречник од 0,04 до 0,10 м. 15 од источната и 12 од западната страна. На горниот дел од јужната страна има откршен дел во некое поново време.

Во висока трева
Во висока трева

Според Раде Ацевски од Добрушево, местото се вика „Трска“, а во близина, крај патот за Мусинци, се наоѓа и „Селја Чешма“ – стара чешма растурена од трагачи по скриени богатства.

На околу 300 м северно од мегалитот се наоѓа тумба со остатоци од градба и керамика од античкиот период. Во нејзина близина, при орање со трактор, Раде открил една мермерна плоча без натпис, прилично добро обработена, дел од стара градба.

Од исток
Од исток

Според кажувањето на Раде, делот од земјата во правецот од тумбата кон мегалитот бил неплоден и се забележувал слаб напредок на посеаните култури, односно, во тој правец, во ширина колку еден пат вегетацијата била слаба и пониска.

Во површините околу мегалитот, се среќава керамика од садови, градежна керамика и куќен лепеж. Керамиката потекнува од различни времиња, од праисторијата до средниот век, а најчеста е праисториската и керамиката ор римскиот период.

Споредба
Споредба

Се забележува присуство на археолошки материјал од праисторијата, а особено е нагласено присуството на фрагменти од керамички садови, тегули и друг вид археолошки предмети од римскиот период. За нас е позната и една монета од 3 век со натпис „МАКЕДОНОН КОИНОН“, која се наоѓа во Завод и Музеј – Прилеп.

Јужен профил
Јужен профил
Јужен профил со траги од интервенции
Јужен профил со траги од интервенции

Овој особено интересен мегалит, е вистински примерок на мегалитска култура во Пелагонија, како по својата димензија и форма, така и по местоположбата која ја зафаќа. Имено, тој се наоѓа на исклучиво рамна површина, далеку од ридестиот раб на Пелагонија, што значи дека е специјално обработен и донесен на местото за одредена намена, која е тешко да се идентификува. Земајќи предвид дека на површините околу овој мегалит има нагласено количество археолошки материјал од различни периоди, може само да се претпоставува дека тој бил центар на извесно збиднување во подлабокото минато, можеби и центарлен објект во населба, која егзистирала на овој локалитет. Не е исклучена ниту можноста, дека објектот е поставен на своевиден постамент, поради што издржал долго време во, речиси, вертикална положба, а големиот број напади со копање, често и со тешка машинерија, успешно ги издржал.

Мегалитот – менхир, трагачите по скриени богатства се обидувале да го извадат, копале околу него, дури и со булдожери, но не успеале во тоа. Наидувале на тврда подлога, плазика, односно камен. Менхирот како да бил забиен токму во каменот – плазиката.

Дел од кружните издлабени форми
Дел од кружните издлабени форми

 

Детал со кружни издлабени форми
Детал со кружни издлабени форми

Димензии

висина:              2,10 м

ширина:

– при основата         0,95 м

– при врвот      0,66 м

дебелина:                   од 0,20 до 0,25 м

 Белешка: Еден голем камен – обработен во форма на голем столб, со форма на жртвеник со правоаголни форми, исправен пред селската црква „Св. Спас“ во Добрушево, преданието од селото го поврзаува со менхирот од Трска.

АРХЕОЛОШКИ МАТЕРИЈАЛ

Керамика:

Камени орудија: