КОСКИТЕ НА МОЕТО ПЛЕМЕ

Коските на моето племе

Се расфрлени низ светот

Како пресушено семе,

Разнесено од ветар.

Од него никнуваат високи кули,

Кои го крепат небесниот свод

По изчезнувањето на титанот Атлас.

Од коскената срж

Се извиваат ластари стројно

И возвишено одолеваат

На злобните ветришта.