ТИВКИТЕ ЛУЃЕ

Луѓе силни, а тивки

Со насмевка лека

И душа, топла и мека

Шетаат меѓу нас

Како чувари од злото.

Не ги забележуваме,

Иако се тука,

Себично луди

Итаме кон чудна цел,

Иатаме во пекол

Од грозоморни идеи,

Идеи за смрт.

Светот кипти од јад,

Од омраза и гнев,

Немаме време

 За мирните срца

Со тивка љубов,

Незгаслива,

За животот и човештвото.

Тивките луѓе се чудни,

Во нив нема гнев,

Ниту бес, ниту презир,

Тие плачат тајно,

Скриени од светот

Или во ноќта, осамено,

Во нивните солзи

Се крие мудрост

И пламена моќ.