КАРПАТА СО ФАСЦИНАНТНА ФОРМА НА ЛАВ ВО БЛИЗИНА НА ЗЛАТОВРВ КАЈ ПРИЛЕП – СТАРО СВЕТИЛИШТЕ НА РАБОТ НА ТВРДИНАТА НА АНТИЧКАТА НАСЕЛБА КОЛОБАИСА
Многу личности опишани во митолошките приказни, од боговите биле претворени во камен, а камењата станале предмет на свет однос и верување на човекот. Со камен е поврзано и раѓањето на врховниот бог во антиката, Ѕевс.1 Каменот е предмет на верување и моќ во многу други митолошки приказни, а многу објекти од камен останале споменици на тие праисториски времиња и верувања до денес. Дека камени објекти играле улога на вистински храмови посветени на божествата, потврдуваат и античките автори, како пред новата ера, така и од првите векови на новата ера. Паусанија наведува дека во градот Фар во областа Ахаја имало триесетина четириаголни карпи, а жителите ги почитувале на тој начин, што секоја од карпите ја нарекувале со името на некој бог. Понатаму, Паусанија наведува дека „во најстарото време, имено, сите Хелени, место статуи на боговите, им правеле почести на необработени камења.“2 Култните карпи, култните камења, нивната натприродна моќ и мистична енергија и денес се предмет на обожување и верување, како во Македонија, така и во светот.

КАМЕНИОТ „ЛАВ“ ВО БЛИЗИНА НА ЗЛАТОВРВ КАЈ ПРИЛЕП
Фасцинантните карпести форми околу врвот Златоврв на планината Бабуна не завршуваат со самиот Златоврв. На просторот околу него се среќаваат повеќе други карпи, кои со своите форми му се наметнуваат на поширокиот амбиент. Меѓу нив посебно место зазема камениот „Лав“ со импозантна форма и доминантни размери и, заедно, со една помала карпеста форма од неговата јужна страна се забележуваат од големо растојание во поширокиот простор на Пелагонија предизвикувајќи го духот на набљудувачот на размислување за просторот на кој живееме. На грамадната карпа „лав“ и денес се забележуваат значителни остатоци од ѕид, а околу него и на неговата горна површина има и голем број парчиња од стара керамика. Co сите ове форми и самата географска положба овој простор веројатно од секогаш го привлекувал вниманието на човекот предизвикувајќи кај него посебна почит кон ова место. Таквиот однос и фасцинација на некој начин трае сè до денес изразено преку големиот број посети на Златоврв и светилиштето под него, кое има сосема длабоки корени на светост, кои допираат до времето на раѓањето на самата религија.

КАРПАТА „ЛАВ“
Доминантната карпа, позната како „Лав“, имала особено ѕначење во периодите во кои овој локалитет бил активен, добро утврден и со бројни објекти во тврдината и надвор од неа. Тоа е особено времето од 4 век пр. н.е. до 4 век од н.е., кое е и археолошки потврдено преку големата некропола од југоисточната страна, на местото познато како гумно, која била користена за погребување, токму во тој период од околу 8 века.3 На самата карпа „Лав“, од јужната страна имало и градба од камен, чии остатоци можат да се забележат и денес, големи обработени делови од површините на карпата, како една голема ниша, голем бро зарамнети површини, канали, правоаголни и кружни форми за поставување греди и столбови и сл. До врвот на карпата водат поголем број мали издлабени скали.4 Сето ова упатува на констатција дека оваа карпа со фасцинатната форма и доминација над просторот под Златоврв, значела природна набљудувачница, но и објект со култно значење, односно едно од старите светилишта во античката населба Колобаиса.

ПОМАЛА НЕКРОПОЛА ВО КАРПИ ОД СЕВЕРНАТА СТРАНА
На една поголема рамна карпеста површина од северната страна на „Лавот“ има извесен број гробови издлабени во карпите. Нивните димензии се нагласени, особено должината и длабочината. Некои од нив се долги и до 1,90 м, а длабоки и до 0,50 м. Интересно е и тоа што се поставени во должина на карпата со насока, приближно, исток-запад, односно, по должина на карпата „Лав“ на неколку метри од основата. На површината на која е расположена малата некропола се среќаваат и други обработени форми – кружни јами, зарамнети површини и сл.
Гробови – корита на рамна карпеста попвршина северно од „Лавот“ 2 Гробови – корита на рамна карпеста попвршина северно од „Лавот“ Еден од гробовите – корита на рамна карпеста попвршина северно од „Лавот“ Еден од гробовите – корита на површините на рамна карпа северно од „Лавот“
Во близина на карпата „лав“ можат да се сретнат и други слични помали и поголеми некрополи во карпа, особено од западната страна, каде има десетици такви гробови, од кои поголењм број уништени со ерозија. Треба да се забаелжи дека и големата некропола на локалитетот „Гумно“, која била главно погребно место за жителите на античката населба „Колобаиса“, исто така, е на релативно блиско растојание и има близок визуелен контакт со оваа култна карпа.
„Лавот“ со „рог“ Главата на „Лавот“ со „рог“ 2 Главата на „Лавот“ со „рог“ „Лавот“ од исток Карпата „Лав“ и карпа во форма на желка од југоисток Карпата „Лав“ и карпа во форма на желка со Златоврв од југоисток Карпата „Лав“ од северозапад 3 Карпата „Лав“ од северозапад 2 Скалеста форма на карпа Канал на карпеста површина во понискиот дел на „Лавот“ Карпата со голема ниша од југоисток Поглед на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ од „Лавот“ Поглед на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во манастирот од „Лавот“ Карпата со голема ниша од источната страна – лицето Големата ниша на една од карпите на „Лавот“ 2 Карпата со голема ниша од северисточната страна Карпата со голема ниша од северната страна Терасеста форма на карпа при врвот Кнали и терасеста форма по површините на карпите при врвот Кнали по косите површини на карпите при врвот Остаток од градежен материјал – камен, керамика и сл. Дел од просторија на „Лавот“ со поглед на манастирот Фрагмент од керамички сад од „лавот“ – устинка Големата ниша на една од карпите на „Лавот“ Скалести форми на карпата со голема ниша Остаток од ѕид и дел од просаторија на „Лавот“ 4 Обработени горни површини од карпи на „Лавот“ Обработен врв од карпа во форма на купола Поглед на Златоврв од „Лавот“ Обработени делови во форма на тераси – дел од старите градби Остаток од ѕид и дел од просаторија на „Лавот“ Остаток од ѕид и дел од просаторија на „Лавот“ 2 Остатоци од тегули и цигли од градбите на „Лавот“ Остатоци од тегули и цигли од градбите на „Лавот“ 2 Остатоци од цигли од градбите на „Лавот“ Поглед на манастирот од „Лавот“ Остаток од ѕид на „Лавот“ Обработени форми на профил на карпа за поставување греди од извесна градба Канали со аглеста форма на површините на карпите на „Лавот“ Канали и зарамнети површини по карпите на „Лавот“ Канали по карпестата површина при врвот Железен остаток забиен во карпеста површина од извесен предмет кој бил исправен на врвот 3 Железен остаток забиен во карпеста површина од извесен предмет кој бил исправен на врвот 2 „Рогот“ на „Лавот“ 2 „Рогот“ на „Лавот“ Железен остаток забиен во карпеста површина од извесен предмет кој бил исправен на врвот Зарамнети хоризонтални површини по карпите на највисокиот дел со обработени делови за греди 2 Зарамнети хоризонтални површини по карпите на највисокиот дел со обработени делови за греди Зарамнети хоризонтални површини по карпите на највисокиот дел Карпа со голема отворена ниша Фрагмент од керамички сад од „Лавот“ Скали за искачување на горната површина на „Лавот“ 3 Скали за искачување на горната површина на „Лавот“ 2 Скали за искачување на горната површина на „Лавот“
[1] Роберт Гревс, Грчки митови, Фамилет, Београд 1999, 35.
2 Паузанија, Водич по Хелади, превод Урош Пасини, Логос, Сплит 1989, 359.
3 Бошко Бабиќ, Манастирот Трескавец со црквата Св. Успение Богородичино, 37.4 Тренчо Димитриоски, Камени Богови, Ризница, Прилеп 2013.