ДВА ЕКСПОНАТИ ОД, ДЕНЕС, ПОДЗАБОРАВЕНИОТ КАЗАНЏИСКИ ЗАНАЕТ – ДЕЛО НА ИСТАКНАТИОТ ВОЈВОДА И РЕВОЛУЦИОНЕР, ПЕТРЕ ЖЕЛЕЗАРОТ

Еден од интересните занаети од минатото, кој особено се развил во деветнаесетиот век во Македонија, посебно во градот Прилеп, Велес, Кичево и други градови, денес во голема мерка е исчезнат. Тој бил, особено, значајна дејност во деветнаесетиот и почетокот на дваесетиот век, кога се изработувале разновидни предмети од бакар за домаќинството, но и за друга употреба. Предметите биле изработувани со ковање и исчукување, а се применувало и украсување со гравирање, во народот познато како „сават“, а се украсувало и со режење и други техники.

Мангалот од горната страна
Мангалот отстрана
Со рачките
Рачка од мангалот
Со едната рачка
Горилникот
Чинија

При ваквата изработката се постигнувале и високи естетски вредности на предметите од бакар, а предметите биле обработувани и со калај, односно, биле калајисувани. Бакарните предмети служеле за разна употреба во домаќинството, како садови за подготвување храна ми разни течности, за греење, осветлување и за хигиена, но и за разновидни украсувања.

Цветанка Масларова

Во овој контекст интересно е дека  со овој занает се занимавал и еден помалку познат војвода и револуционер од Битола, со потекло од Прилеп, Петре Георгиев Железарот, кој бил вешт мајстор во изработката на предмети за греење – мангали, кујнски садови и слични предмети. Овде пренесуваме два експонати, зачувани кај една негова внука во Битола, Цветанка Масларова. Се работи за еден добро изработен мангал и една чинија, кои според споменатата внука биле дело, токму на споменатиот војвода и револуционер, кој загинал во нерамна битка со туркиот аскер на 20 март 1905 година, кај селото Дрен, Прилепско.