ОСТАТОЦИ ОД НЕПОЗНАТА ЦРКВА ВО ПОДНОЖЈЕТО НА МАРКОВИ КУЛИ КАЈ ПРИЛЕП НА ЛОКАЛИТЕТОТ „ЖАБАТА“
Преданието за 77 цркви во Варош, односно во стариот град Прилеп, меѓу жителите на Прилеп е популарно и денес. Тоа говори за големиот број цркви со кои располагал Прилеп во средниот век. Неколку десетици цркви се лоцирани на просторот на денешната населба Варош, како и во пошироката околина. Имајќи предвид дека локалитетот „Маркови Кули“, како и просторот на кој е расположена денешната населба Варош, заедно со блискиот Заград, па и други поблиски локалитети, располагаат со остатоци од материјална култура од различни периоди, откритијата на други остатоци од цркви не се исклучени. На ваква констатација не наведува еден наш наод, во подножјето на Маркови Кули, од неговата североисточна страна, на локалитетот „Жабата“ каде констатиравме бројни остатоци од живопис, археолошки материјал – фрагменит од тегули, фрагменти керамички садови, метални предмети, остатоци од градежен материјал и сл. Особено е битно што на еден дел од просторот се соочуваме со остатоци од малтер, малтер со боја, односно со фрагменти од живопис, обработени и необработени делови од бигорен камен, кој често се применува и при градбата на црквите со постар датум и сличен материјал, кој упатува на извесна градба од сакрален вид. Ваквите наоди се најприсутни на дел од локалитетот, кој се наоѓа на 50-60 м југоисточно од големата карпа, која поради својата специфична форма е позната како „Жабата“. На тој дел има и извесно помало испупчување на самиот терен кое, веројатно, крие остатоци од ѕидовите на стара градба. Токму тука, на падините се среќава многу малтер со живопис и без него, како и градежен камен, бигорен камен, но и керамички материјал во големи количества. Нагласеното присуство на разновидни големини на железни клинови, исто така, не упатуваат на дрвениот материјал во градбата, кој бил спојуван со нив.

Кога се анализира просторот околу ова земјено испупчување, кое се наоѓа на дел од теренот, кој зафаќа терасеста форма со поголема површина, може да се констатира дека на овој простор се наоѓаат остатоци од покомплексна архитектонска содржина, со бројни траги од култно-религиска содржина. На делот, југоисточно и источно од средишната тераса, се наоѓа уште една земна тераса опкружена со неколку поголеми и помали карпи, поголем број од нив со голем број разновидни оформувања. На оваа тераса се наоѓа и извор на кој е изградена чешма кој, веројатно, бил искористуван и во врмето кога на ова место била активна старата црква со придружните објекти. Во негова близина, од западната страна, јасно се гледа дека една од карпите била прилагодена за ѕид од извесна градба, а една помала карпа пред неа, на растојание од околу 8 м, исто така, била прилагодена за оформување на објектот, па сега на неа се забележуваат неколку скалести форми и кружни јами за столбови. Токму овој дел од локалитетот и денес е обележан како свето место, односно култен објект посветен на св. Богородица, па на карпата, која некогаш служела за ѕид има апликација од камена плочка со ликот на светицата и, според запишаното, објектот бил осветен 2008 година.

Карпата, чиј профил е сосема рамен и вертикален, била обработувана во поголемиот дел, како на предната – источна страна, така од југоисточната и северната страна, а особено на нејзиниот највисок дел, по работ. Слични обработени форми можат да се сретнат и на другите карпи во блиската околина, а дел од нив, во близина на изворот, доживеале деструкција со експлоатација на камен за градба и веројатно е дека притоа биле уништени и културни форми, остатоци од некогашните градби. На веќе споменатата карпа позната како „Жабата“, која се наоѓа североисточно од средишниот дел на локалитетот на кој претпоставуваме се наоѓал централниот објект на поголем комплекс од градби од христијански религиски карактер, повторно среќаваме траги од конструкција, која била прилепена до самата карпа, но и траги од живопис на профилот на карпата. Сосема е веројатно дека оваа карпа, позната како „Жабата“, има постаро култно значење. Целиот овој простор заслужува многу посоодветен третман, истражување и анализа, зашто упатува на значајна култура од средниот век, но и од постарите периоди. Дека овде се наоѓала и средновековна црква, речиси, сме сигурни, а то го потврдуваат и бројните наоди од самиот терен, особено фрагментите од малтер со живопис, односно остатоци од сликани ѕидови со разновидни бои. Соодветно археолошко истражување може да даде интересни резултати за идентификување на културните остатоци, па дури и за патронот на црквата чии остатоци се кријат тука.
ЖИВОПИС ОД ЛОКАЛИТЕТОТ
Живопис и други археолошки предмети Фрагменти од живопис 9 Фрагменти од живопис 8 Фрагменти од живопис 7 Фрагменти од живопис 6 Фрагменти од живопис 5 Фрагменти од живопис 4 Фрагменти од живопис 3 Фрагменти од живопис 2 Фрагменти од живопис 1
АРХЕОЛОШКИ МАТЕРИЈАЛ
Тирдирана рачка и фрагмент со украсување во форма на плетеница Фрагменти од керамички садови, керамички тег и глава од помал железен клинец Тордирана рачка од керамички сад Рачка од керамички сад – фрагмент Фрагменти од керамички садови и керамички тег со пирамидална форма Бигорен камен Железен клинец Фрагмент од камен објект 2 Фрагмент од камен објект Фрагменти од камени објекти Фрагмент од поголем керамички сад – устинка Фрагменти од керамички садови и клинец 2 Фрагменти од керамички садови и клинец Остатоци од топена руда од теренот
КАРПАТА „ЖАБАТА“ СО КУЛТУРНИТЕ ТРАГИ НА НЕЈЗИНАТА ПОВРШИНА
Јужниот профил на „Жабата“ Кружна јама за поставување дрвен столб на „Жабата“ Остатоци од живопис на јужниот профил на „Жабата“ Обработен дел на јужниот профил на „Жабата“ Задлабен дел за поставување столб на карпата „Жабата“ Задлабен дел за поставување греда на карпата „Жабата“ Карпата позната како „Жабата“
ОД АМБИЕНТОТ НА ЛОКАЛИТЕТОТ
Икона од камен со ликот на св. Богородица на профилот на карпат – датум на осветување Икона од камен со ликот на св. Богородица на профилот на карпат – ѕид Карпата која била дел од градба со дел од просторот на внатрешниот дел на градбата и помала карпа со скалести форми Карпата која била дел од градба со дел од просторот на внатрешниот дел на градбата Обработени форми за поставување на таванска конструкција на профилот на карпата – ѕид Обработена форма за поставување на таванска конструкција на профилот на карпата – ѕид Карпа со обработен профил, кој служел за ѕид од градба во близина на местото со остатоци од малтер со живопис 6 Делот од терасата со испипчуена форма кој содржи материјал од градба, фрагменти од живопис и сл. Карпа со обработен профил, кој служел за ѕид од градба во близина на местото со остатоци од малтер со живопис 5 Карпа со обработен профил, кој служел за ѕид од градба во близина на местото со остатоци од малтер со живопис 4 Карпа со обработен профил, кој служел за ѕид од градба во близина на местото со остатоци од малтер со живопис 3 Карпа со израмнета површина и профилирани рабови од западната страна на локалитетот Карпа со обработен профил, кој служел за ѕид од градба во близина на местото со остатоци од малтер со живопис 2 Карпа со обработен профил, кој служел за ѕид од градба во близина на местото со остатоци од малтер со живопис