КултураУметност

ПРЕЗИРОТ ВО ОЧИТЕ НА МОИТЕ ДЕЦА

Остри златни стрели

Со усвитен врв

Во моето срце

Не прекинуваат

Ужасно да печат.

Се подлабоко бодат

Ја обновуваат болката

При секој нов допир.

Стуткан во кожурец

Сосема смрзнат

Се обидувам

Да го преживеам

Презирот во очите

На моите деца

Во суровото време.