ЅВЕЗДИТЕ НА НЕБОТО

Од необјавената поетска збирка „Кучешко време“ – седми дел, „Ние во вселената“)

Ѕвездите на небото

се пораки од вселената,

кои допираат до нашите срца,

не поврзуваат во единство,

не потсетуваат дека

сме деца на светлината,

дел од божественото сонце,

во исконско време создадени,

беспоговорно упатени

на пат кон вечноста.

Паметењето е нашата моќ,

гаранција за враќањето.

Ѕвездите од небото

не водат кон целта,

сѐ поблиску до вистината.