СИМБОЛ СО АНТРОПОМОРФНА ФОРМА НА КАРПА НА ЛОКАЛИТЕТОТ „ЧАВЛА“ КАЈ СЕЛОТО КРУШЕВИЦА, ПРИЛЕПСКО

На една ниска карпа со површина од околу дваесетина метри квадратни на североисточниот дел од локалитетот „Чавла“, на околу 3 км источно од селото Крушевица, Прилепско, се наоѓа мала антропоморфна форма конципирана од мали, кружно издлабени јами со различна големина. Најголема е кружната јама која ја претставува главата на антропоморфната форма, а по големина следи јамата која со главата ја поврзува издлабено каналче. Уште неколку јами, кои го претставуваат другиот дел од телото, кое се чини некомплетно, се со помали димензии, како во пречникот на кругот, така и во длабочината.

Димензии

– целата форма  0,42 х 0,21 м

– кружни јами

          глава                           0,10 х 0,05 м

          врат                             0,04 м

– други кружни јами    со пречник од 0,05 до 0,04 м

Датирање: Од 2500 – 1200 г. пр. н.е.Белешка: На ридот североисточно од оваа камена форма од мали кружни јами има ретки археолошки траги од фрагменти од керамика и предмети од кремен, а на околу 300 м јужно се наоѓа локалитет со остатоци од населба од бронзениот и раноантичкиот период.

ЦРТЕЖ И ОБЈЕКТИ ОД БЛИСКАТА ОКОЛИНА НА КАРПАТА СО СИМБОЛОТ