ПРЕДАНИЕ ЗА ЛОЗЈАТА КРАЈ ЦРНА РЕКА И ЛАМЈАТА

(раскажано од Петре Митрески од с. Манастир)

Црна Река - долина кај Расимбегов Мост
Црна Река – долина кај Расимбегов Мост

            – Во старо време во месноста која денес е позната како Црнски Лозја покрај брегот на Црна Река од нејзината десна страна, североисточно од Расимбеговиот мост, имало лозја кои раѓале многу грозје, кое било многу слатко за јадење. Такво, какво што немало никаде на друго место. За жал, стопанот на лозјата никогаш не можел да набере грозје, бидејќи ноќно време во лозјата доаѓала некоја ламја и сето грозје го јадела. Затоа тој тргнал да бара чаре како да си го спаси грозјето. Барајќи така сретнал еден човек. Тој му рекол: „Јас ќе ти кажам. Ќе одиш и ќе си купиш пушка. Кај лозјата има еден голем даб. Ти ќе појдеш со пушката кај дабот и ќе чекаш. Кога на дабот ќе слета еден голем орел стрелај во него со пушката и отепај го. Тој е ламјата која ти го јаде грозјето преправена во орел.

            Газдата на лозјата постапил како што му рекол човекот, го исчекал орелот-ламја кај дабот и го отепал. Следната година лозјата родиле толку грозје колку што газдата не можел да собере.

Кај Расимбегов Мост
Кај Расимбегов Мост