ТАЈНАТА НА ВЛАДИКОВ ГРОБ ВО ПРИЛЕП И НЕСРЕЌНИОТ ВЛАДИКА ОД ТРЕСКАВЕЦ

ДВА МЕРМЕРНИ СПОМЕНИКА СО КУЛТНА СИМБОЛИКА И КУЛТЕН ТРЕТМАН ВО КРУГОТ НА СТАРАТА БОЛНИЦА ВО ПРИЛЕП

Два мермерни столба со четириаголна форма високи околу 1,5 m и со релјефи, кои зрачат со нагласена естетика, и денес стојат во исправена положба крај оградата на денеш­ната стара болница во Прилеп и „срамежливо“ ѕиркаат низ оградата, поставени во внатрешниот дел. Местото е познато како „Владиков гроб“ и се верува дека двата мермерни споменика имаат исце­ли­телна моќ. Верувањето дека тие имаат моќ да лекуваат посебно се однесува на брадавици и голем број луѓе со такви проблеми навечер оставаат шишиња со вода, а рано наутро доаѓаат на гробот од Владиката да ја земат водата и миејќи се со зборовите брадавиците да останат тука, заминуваат од местото без да погледнуваат назад. Многумина потврду­ваат дека, на ваков начин, успешно се ослободиле од брадавиците.

Гирланда на првиот столб 1

Познатото предание за царицата Мара и запустувањето на манастирот Трес­кавец кај Прилеп крие и еден исклучително трагичен лик со необично трога­телен психолошки комплекс. Тоа е ликот на Владиката кој единствен го преживеал колежот во својот манастир, кој го направила разлутената жена на султанот. Како сведок на неви­ден колеж на стотици негови калуѓери, тој морал да преживува тешки трауми со сликите од пискотниците, мол­би­те и агонијата на стотиците монаси, кои завршиле под мечо­ви­те на војниците од придружбата на царицата во манастирскиот двор. Таквиот колеж предиз­ви­кал реки калуѓерска крв која го наполнила дворот, манастирот и црквата, заедно со конаците. Уште повеќе што, веднаш по настанот несреќниот владика никој не сакал да го прибере, а бил презрен и од своите верници и сопствената црква која, веројатно, сметала дека тој направил голема грешка што не ѝ дозволил на силната царица да се причести и исповеда во црквата Успение на Пресвета Богородица во манастирот. Вака го пренесува тоа Георги Трајчев 1 : – „Ниту Патријаршијата (Грците), а Турците уште помалку (сакале да го примат, з.м.). Заради тоа тој решил да ја прими мухамеданската вера, макар и привидно. Уверени Турците дека прави ли­це­мерие со мухамеданството го убиле и го закопале во своите гробишта. За да се знае дека бил Владика поставиле четири столба на гробот од светиот престол на стари цркви во Варош. За овој владика се пее и пес­ната ’Каде се чуло видело Владика Турчин да биди’. Вака пренесувајќи го преданието, Георги Трајчев укажува на фактот дека владиковиот гроб се наоѓа во ’турските гробишта во Ѓокдере’.“

Гирландата на првиот стoлб 2

Јордан Хаџиконстантнов–Џинот пренесува дека не се работи за вла­ди­ка, туку за некој „постник“ (испосник). Тој вели 2 : – „Ho rope во пеш­те­рите имало един постник дедо Арсо нипошто не и допуштал (на царица Мара з.м.) скверно да приеме кровта и телото на Исуса Христа.“ Кај Џинот две работи се изнесени поинаку. Прво тој наместо владика споме­нува испосник и што е уште поинтересно го именува со Арсо што значи дека можеби се работи за човек од верата кој го носел името Арсениј, а второ, има објаснување зошто тој не дозволувал причесна на царица Мара. Имено, тој сметал дека нејзината причесна значи сквернавење на христовата вера и цврсто застанал зад таквиот став. Co ова, преданието во делот за кобната одлука на Владиката се комплетира. Дали лицето кое во останатите пренесувања на преданието како Владика е споменатиот Арсо (Арсениј з.м.) кој го споменува Џинот тешко е да се каже во отсуство на поцврста аргументација, но и со постојната, се чини, дека зад него сепак се крие некаква историска содржина.

Првиот столб од другата страна

Гробот на владиката во Прилеп (сл.82) е уште еден материјален „доказ“ за трагичното доживување на овој несреќен лик од старото пре­да­ние. Два мермерни столба со четириаголна форма високи околу 1,5 m. и со релјефи, кои зрачат со нагласена естетика, и денес стојат во исправена положба крај оградата на денеш­ната стара болница во Прилеп и „срамежливо“ ѕиркаат низ оградата, поставени во внатрешниот дел. Тие се украсени со релјефи од гирланди со растителни мотиви, особено винова лоза, но и други мотиви, како форми со небесна симболика, како симболи за влез во рајот и небесниот мир и сл. Местото е познато како „Владиков гроб“ и се верува дека двата мермерни споменика имаат исце­ли­телна моќ. Верувањето дека тие имаат моќ да лекуваат посебно се однесува на брадавици и голем број луѓе со такви проблеми навечер оставаат шишиња со вода, а рано наутро доаѓаат на гробот од Владиката да ја земат водата и миејќи се со зборовите брадавиците да останат тука, заминуваат од местото без да погледнуваат назад. Многумина потврду­ваат дека успешно се ослободиле од брадавиците на ваков начин. Дали тоа е дело на измачениот дух на Владиката од Трескавец тешко е да се каже, но останува традиционалното верување и тврдењето за успешното лекување брадавици што, од друга страна, го прави ова место и гробот, кој важи за гроб на владика, постојано актуелен и посетуван.

Според пишувањето на Георги Трајчев, гробот бил направен од 4 столбови како оние два кои се денес на самото место, а на нив била поставена мермерна плоча. 3 Од неговото пишување се стекнува впечаток дека грбот во таква форма бил во времето кога тој живеел, што значи дека неговата конструкција била сѐ уште компактна во првите децении на минатиот век. Тоа значи дека плочата исчезнала во последните 70–80 години.

Гирландата на вториот столб 1

Во целата приказна за владиката и убиените калуѓери во Трескавец посебно место зазема психолошкиот момент при трагичното премислу­вање на самиот Владика при одлуката да ја напушти христијанската вера на која и го посветил животот и да ја прими сосема спротивната, муха­ме­данска вера. Во ситуација на презир од сите Владиката мора да направи непромислен чекор со менување на верата, кој многу брзо му донесол смрт слична на неговите калуѓери од Трескавец со убиство кое му го под­готвиле Турците бидејќи не ги убедил во своето искрено приоѓање кон нивната вера. Неговото убиство е претставено како особено, грозоморно. Тој, еден ден, е заклан на сосема отворен простор во градот и оставен на улица, целиот во крв. На закланиот владика никој не се осмелил да му пријде и да му помогне во моментот на агонија. Тоа го направило само едно дете, кое клекнало, или седнало крај него и му ја зело главата, која била целата во крв, во соспствениот скут. Детето на своите раце имало многу брадавици и притоа се случило вистинско чудо. Натопени со крвта, која течела од вратот на закланиот владика, брадавиците во тој час, сосема, исчезнале.  Ете, и во самиот извор на преданието се воспоставува контакт со исцелителната моќ на гробот на владиката, кој подоцна му го изградиле Турците. Значи тие, сепак, му посветиле внимание како на вистински Владика и, по убиството, му направиле гроб на периферијата од нивните гробишта во „Ѓокдере“, од стари спо­меници од разурнатите варошки цркви, украсени со релјефи. Дали неговиот крајно трагичен живот на крајот, сепак, предизвикал почит кај Турците?

Гирландата на вториот столб 2

Без разлика каков настан во историска смисла се случил во манастирот во времето за кое зборува преданието факт се потврдените ликови и моменти кои упатуваат на некои историски подлоги и на самото предание. Најпрво, тука е главниот лик во приказната, царицата Мара, која се потврдува како преку историјата, така и преку археолошките наоди поврзани со нејзиниот имот на реката Струма. Тука е и гробот на Владиката за кој има индиции дека е гроб на Владиката кој е опеан во споменатата песна за потурчениот Владика и на крај археолошките сознанија за историските рушења на манастирот кои исто така на некој начин се поклопуваат со времето за кое говори преданието.

Што се однесува до гробот на Владиката, не може да се каже ништо со сигурност за идентитетот на покојникот во овој впечатлив посмртен дом. Ако се земе предвид дека со манастирот Трескавец се поврзуваат имињата на повеќе владици, токму во времето на царица Мара или во време блиско до него, не е исклучено некој од нив, исто така, трагично да завршил во времето на турското ропство, на бунтови и немири. Еден од таквите владици е и Владиката Давид на кого манастирот му е доделен во владение како мулк од страна на турскиог султан. Од друга страна, таквата судбина можеби навистина го втасала некој од старешините кои биле поставувани во манастирот Трескавец во тоа време. Во натамошното истражување на евентуалниот историски настан, сличен на оној од преданието, не треба да се отфрли ниту тврдењето на Џинот за името на испосникот Арсо, односно Арсениј, а посебно истражување заслужува целиот период од првите децении на XV век до 1570 година кога се забележани некои деструктвни случувања на градбите од манастирот.

1 Г. Трајчев, Град Прилеп…

2 Б. Конески, Ј. Х. – Џинот.

3 Г. Трајчев, Град Прилеп …