КОГА НЕМА СМИСЛА ВРЕМЕТО
Кога нема смисла времето,
кога станува претешко,
кога се е скверно,
кога нема, веќе, надеж,
кога нема излез,
нема светлина,
нема радост,
нема иднина,
а силата ме издава,
во во дуелот со моментот,
се враќам на прапочетокот,
измислувам ново создавање,
ново време и
во девствен простор,
создавам нови луѓе,
под проѕирно небо и
на недопрена земја.
Нови реки, нови езера,
нови мориња и океани,
безгревни води,
нови планини, нови полиња,
долини и котлини,
полни со живот.
Нови ѕвезди, нови планети,
сонце и месечина,
сѐ од почеток –
создавам свет,
отпорен на небиднина,
без неморал,
чист од блуд и злоба.
Градам сѐ беспрекорно,
со нова мисла, нов јазик,
нова реалност.
Не смеам да згрешам,
внимавам на секој детал,
новиот свет
мора да биде чист и полн со радост,
зашто не смеам да дозволам,
уште еден ваков момент.