МУТИРАНИОТ БУГАРСКО-МАКЕДОНСКИ ДОГОВОР ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО (ИЛИ: ТИВКА БУГАРСКО-АЛБАНСКА ОКУПАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА)

Видете го само министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во изјавата за актулениот настан во Битола со отворањето на контраверзниот клуб „Ванчо Михајлов“ и сѐ ќе ви биде јасно. Просто, човек да се расплаче слушајќи ја неговата изјава за демократскиот однос на македонската власт кон различните идеи, идеолошки ставови и здружувања и организирања во Македонија по едејна, идеолошка и национална основа. Се разбира, сосема е видливо дека задачата, која му е дадена, е многу „тесна кошула“ во која го облекле, но некој мора да биде во неа. Сте читале, ли како деца, стрипови со стрип-јунакот Командант Марк? Се сеќавате ли на еден негов верен придружник, индијанец, „Тажната Утка“?

Бугарските власти прават што сакаат и како сакаат во Македонија. Отвораат и затвораат клубови и здруженија, даваат изјави за непостоење на Македонци од највисоко ниво – просто се „башарат“ во Македонија, како да е 1941, а не 2021 година. За ниското ниво на политика не треба, ниту да разговараме. Се разбира, и натаму остануваме на ставот дека тоа е крах на една пропаганда, која стигнала до дното и не одбира средства како да продолжи со своите нечесни политики кон една соседна земја, особено кон соседниот народ кого го нарекува „братски“ (Зарем и ти мој сине Бруте – Etiam tu, mi fili Brute!).  Дека бугарската политика во Македонија е најгруба форма на асимилаторската пропаганда започната од деветнаесеттиот век, воопшто, не треба да се сомневаме. Дека отпорот против неа, денес во Македонија, е послаб отколку пред еден век, исто така, нема сомнение. Уште повеќе, оваа пропаганда денес е подржана од врвната власт во Македонија, декларативно или премолчено и, со тоа, станува политичка пропаганда со европско ниво. Всушност, днешната бугарска асимилаторска пропаганда доби и свој легитимитет во Македонија, официјализирана со непринципиелен и таканаречен Договор за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Апсурдот да биде поголем, бугарската политика, не е задоволна ниту со таков договор, па постојано вложува напори за проширување на разновидни барања од македонската страна, настапувајќи со бескрупулозни уцени, грубо користејќи ја својата позиција во Европската заедница, како нејзина членка. Таквите уцени, бугарската власт, ги користи и во Албанија, каде ги користи сите сили и европски привилегии да воведе бугарско малцинство. „Во името на европските вредности“, асимилација, негирање, притисок за откажување од сопствените вредности и иднтитет и слични поганштини. Се разбира, истите методи не смее да ги примени во Грција, која е со подолг стаж како членка на ЕЗ. Европските институции молчат или „мудро дипломатизираат“, но секому е јасно дека прифаќаат таков однос во сопствената заедница.

            Гледано преку окото на еден Македонец, на видело излегува сосема друга реалност, односно, „новата нормалност“ на, сега, „неприсутниот“ кратор, Зоран Заев. „Споменатиот Договор за пријателство …, потпишан од тогаш актуелниот премиер на Македонија, креатор на оваа „напредна политика“ и „новата нормалност“, Зоран Заев и тогашниот бугарски премиер, Бојко Борисов, денес измутира во Бугарско-албански договор, зашто македонската страна во преговорите за решавање на бугарско-македонскиот спор, речиси, отсуствува. Некои од високите функционери во власта, кои се надлежни и одговорни за спорот, реагираат како тоа да е нешто неважно (извесен министер Маричиќ), често дофрлајќи по некој збор или декларација во корист на бугарската страна (Гоце Делчев се декларирал како… – претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, претседателот на историската комисија, Драги Ѓорѓиев), а иницијативата за решавање на спорот ја презедоа албански претставници на власта во Македонија (Али Ахмети, Бујар Османи, Талат Џафери и други). Македонските дипломати и политичари (ако можат така да се наречат, зашто повеќето не се однесуваат македонски), без разлика дали се од македонско или албанско потекло, сите до еден се однесуваат како намесници на странска власт, крајно прислужно, речиси, жално – жива патетика на штета на македонскиот идентитет, македонската култура, македонскиот јазик и на Македонија како држава во целина. Видете го само министерот за надворешни работи, Бујар Османи, со неговите високи гости од Бугарија, во изјавата за актулениот настан во Битола со отворањето на контраверзниот клуб „Ванчо Михајлов“ и сѐ ќе ви биде јасно. Просто, човек да се расплаче слушајќи ја неговата изјава за демократскиот однос на македонската власт кон различните идеи, идеолошки ставови и здружувања и организирања во Македонија, по едејна, идеолошка и национална основа. Се разбира, сосема е видливо дека задачата, која му е дадена, е многу „тесна кошула“ во која го облекле, но некој мора да биде во неа. Сте читале, ли како деца, стрипови со стрип-јунакот Командант Марк? Се сеќавате ли на еден негов верен придружник, индијанец, „Тажната Утка“?

Следејќи ги изјавите на претставници на власта во Македонија од типот на Пендаровски, Заев (веќе завршена приказна), Ковачевски, Маричиќ, како и некои членови на тн. Историска комисија (всушност, политичка), Драги Ѓорѓиев, гротекстниот новопечен академик и други, јасно е дека во тн. Бугарско-македонски спор, нема македонска страна и тој, сѐ повеќе наликува на Бугарско-албански преговори за судбината на Македонија и Македонците. Тоа, од друга страна, веќе наликува на тивка Бугарско-албанска окупација со „тивка“ подршка од Европската заедница. Опозицијата…!!??? Ах, да, одвреме-навреме, слушаме по некоја „силна“ изјава и од опозицијата дека таа се залага за „ослободување на Македонија“!???