ВОЗНЕС
Над мојата земја,
таинствени ѕвезди
паѓаат вечно
од познати неба.
Со векови е така,
милениуми веќе.
Срца од камен
не толчат без милост.
И, еве,
дојде денот
од далечно време.
Со дух на вечност
да покаже сила
на столчено семе.
Од Мусеј и Орфеј,
од Херкул и Темен
и тронскиот Пелоп,
Пелазг и Мида
и кралските лози.
Рајската земја
ќе се вознесе и сега,
ќе изгнијат в бес
клети душмани.