СОЈУЗНИЦИ

(Од необјавената поетска збирка „Кучешко време“ – четврти дел, „Раѓање“)

Небото е со мене

и земјата и сите планети

откриени и невидени

од човечко око

во бескрајот лебдат

трепкаат вечно

за да ме заштитат

од злобници накотени

во бес

полни со злоба

со јад

од нечиста сила

поттикнати.

Небото и земјата

се мои сојузници

на патот до вечноста

која ме мами и ми дава

титанска сила

во бескрајот

кого го носам лесно

на моите кревки плеќи.