ЖЕНАТА Е НАПРАВЕНА ОД ОПАШКАТАТА НА ЃАВОЛО
(Од книгата, „Народни умотворби од Пелагонија и Мариово“
Автор: Томе Велјаноски
Подготвил: Тренчо Димитриоски)
Кога Господ го направил Адама од кал, му дал душа, живеел, што живеел, Адам сам, еден ден Госпо го заспал Адама, и му извадил едно ребро, и направил една убава жена. Го пробудил Адама и му рекол:
– Адаме, еве ти направив твоја друшка, со незе ќе си живеете, ќе си се плодите и рајската градина и земјава ќе ‘е полните со луѓе!
А на това Адам му одговорил на Госпо’:
– Мене овa’ друшка не ми се свидува, земи и врати ја од каде си ја нашол!
Госпо, поново, го заспал Адама, жената ‘е претворил во ребро, реброто, поново, му го вратил на Адама од каде што му го извадил.
Госпо мислел, кроел, од каде жена да му најди на Адам. Госпо, беше да му текни, го заспал ѓаволо и од опашката да му извади едно пршленче и, Госпо, направил една убава жена, ‘е однесол во куќата каде што спијал Адам, го пробудил Адама и му рекол:
– Стани Адаме ти направив нова друшка!
Се пробудил Адам, ‘е видел новата жена и му рекол на Госпо:
– Овa’ жена ми се свидува и ‘е сакам, ќе ‘е земам!
Господ ги благословил, ги пуштил во рајската градина, ништо да не работат, да не јадат од од јаболкото. Исто така, да имт во годината само еднаш интимни односи, само за да зачни. Но Ева постанала од опашката на ѓаволо и е ѓаволска жена. Како прво, го преварила Адама и ‘е послушале змијата Красва да каснат од јабо’кото и му паднала косата. Како второ, уште првата вечер кога си легнале со Адама во постелата, му рекла:
– Адаме, ајде да пробаме това што ни рече Госпо!
Адам рекол:
– Ева, до година имаме време, јас не сакам одма, овa’ ноќ, страмота е од Госпо.
Ева навалила и Адам пристанал, еднаш ‘е направиле работата.
На Ева и се засладила играта и го приморала Адама, преку ноќта, направиле повеќе пати интимни односи. Утрото дошол Господ и ги прашал:
– Зошто ноќеска не спиете, ами се борете во постелата?
Адам признал да тој сакал еднаш, тa’ ноќ, и да чека до година, но на Ева и се свидело и сакала повеќе пати да има во таа ноќ.
Господ ѝ рекол на Ева:
– Ти ‘е изгуби честа и страмо уште ноќеска. Од твоето родство навака ќе му изградиме страмен прстен, барем до нивното удомување, да бидат чисти во душата при првото легнување со момчето во нивната постела.
– Стално во тебе да стој, никогаш наситка да немаш, со страв да бидиш, во секој однос со мажо, од зачнување и, еднаш месечно, сите гревови од таа работа, да је исперуваш твојата душа! – ѝ рекол Госпо на Ева.
– Кога Адам не сакаше да има жена од неговото тело, да му биди мирна душата, а сега жена од ѓаволската опашка, вечито ќе бидиш несигорен во својата жена! Жената твоја и гола ќе се слечи пред народо само да биди посакана од тебе! – му рекол Госпо на Адам.
Сите жени во поранешните времиња што носеја кошули селски од позади имa’ на косата продолжено, заплетено, црни волнени плетенки како симбол или знак од каде е направена првата жена Ева. Плетенките биле во чест на ѓаволската опашка.
Овa‘ приказна ми ‘е кажув‘ Петрески Ванѓел – Бабјако иПавлески Ванчо, двата од с. Марул