ВСЕЛЕНСКИ ЛЕТ

(Од необјавената поетска збирка „Кучешко време“ – четврти дел, „Раѓање“)

Во мојот дом,

крај огниште топло,

прастар култ

ме држи.

И во најтешка мака

останувам со топлината,

скриена како богатство

заветно,

од прадедовци клетва,

молба и надеж

за вселенски лет.