КРВАВО НЕБО
(Од необјавената поетска збирка „Кучешко време“ – десетти дел, „Ода за кучињата“)
Зинува небото
со крвави рани
од остри кучешки заби.
Ги зариваат здивените
острите песјаци
во кревкото тело
на синевината,
отвораат крвав пат
кон иднината.
Ѕверовите јаваат
на пламени јазици
а исплашени детски очи
им ја потсилуваат жедтта
за кревко невино месо.
Доаѓаат преку водите
на морињата и океаните,
од копното и од небото
ги привлекува светлина
на залудна надеж
и стравот во туѓи очи.
Милосрдието е закопано
во земно студенило,
божјата милост скриена
во лицемерна љубов.
Под крвавото небо
се раѓа нов поредок,
Крвав хаос владее
со логосот.