ОД ЧЕСТВУВАЊЕТО ЗА ВОЈВОДАТА ТОЛЕ ПАША ВО СЕЛОТО КРУШЕВИЦА, ПРИЛЕПСКО
Во организација на Културниот истражувачко-документациски центар „Калеш Анѓа“ од селото Крушевица, Прилепско, во соработка со Планинарското друштво „Јане Сандански“ од Прилеп, денес – недела 12 мај 2019 година се одржа Чествувањето по повод 115 години од загинувањето и 18 години од пренесувањето на моштите на легендарниот војвода Стојан Кулиќов – Толе Паша и неговиот син Велјан во нивното родно село Крушевица.

Настанот беше одбележан со симболичен комитски марш – „Толе Паша“ во кој учествуваа дваесетина планинари и почитувачи на ликот и делото на овој легендарен војвода, кои изодија дванаесетина километри на релација Писокал – чешма Чашица – село Крушевица. На гробот на војводата и неговиот син во гробиштата кај селската црква „комитите“ беа пречекани на традиционален начин со леб и сол, а потоа настанот продолжи со палење свеќи на гробот, беседа за војводата, како и пригодни песни со комитска содржина, кои ги исполнија двајца гајдаџии со потекло од селото пештани Мариово, Мате Маркоски и Стеван.

Настанот продолжи со општонародна веселба и „комитски“ ручек во тремот на селската црква „Св. Архангел Михаил“.
Родната куќа на војводата со околината во Горно Маало Една од кулите во селото која потекнува од турскиот период Црквата „Св. Архангел Михаил“ во селото Крушевица Од „Комитскиот марш“ 5 Од „Комитскиот марш“ 4 Од „Комитскиот марш“ 3 Од „Комитскиот марш“ 2 На старата чешма „Чашица“ Поглед на историскиот врв Маргара кај селото Чаниште Стар кладенец на „комитската“ патека Од амбиентот во околината на селото Собир на „комитите“ во горниот дел од селето Пречекување на „комитите“ со леб и сол На гробот на војводата Прослава со традиционален инструмент – гајда Од „Комитскиот“ ручек 2 Од прославата Од „Комитскиот“ ручек