ГЛАСОТ НА ОЗАБЕНИТЕ

(Од необјавената поетска збирка „Кучешко време“, десетти дел: „Ода за кучињата“)

Пред лаежот на кучињата

се кријам меѓу ѕвездите,

трепкам со светлината

и во отсјајот на месечината

се стопувам со убавината,

само гласот на озабените

ми ја нарушува хармонијата.