ПОСЕТА

(Од поетската збирка „Отпадник“, објавена 1990 година, КММ – Скопје)

He сакав да ја чекам

ТАА да ми дојде

зашто тогаш

не ќе ја изгонам лесно

па решив

полн со мисли темни

во посета да и појдам

за да можам кога ќе посакам

од кај неа да си одам.

Во најмрачна ноќ

и од облаци небо тешко

на вратата мрачна и многу страшна

тивко јас и стропав.

Co крцкање косата да ти се дигне

морници грозни да те минат

ширум вратата рашири крила

и добредојде ми посака ТАА.

Невидлива, во темнина обвиена цела

со раширени раце, одвај видов,

сакаше да ме прегрне итро.

Во миг од прегработ се шмугнав

со страв до коските што стига.

Слушнав смеа низ заби некои–ужас,

се разлеа смрдлива pea.

Доста! – викнав, преплашен, но храбро,

– зарем да ми се потсмеваш
кај тебе дојдов?
Насмевката и’ смрзна,
забите ги сокри, реата стивна

и леден глас до срцето ми допре:

  • а што сакаш ти?
  • Што те довело во мојот мрак?
  • Никој не се дрзнал како тебе,
    секогаш јас гостин сум прв,
    домаќин секој

еднаш може да ми биде.

– Знам – рекав,

– но љубопитство силно ме мачи
лика каква имаш,

работата страшна среќна ли те прави

или тага и тебе те потресува често?

  • Лика каква имам – прозбори ТАА, грмна,
  • среќа или тага,
    што е важно тоа?

Само вам смртници бедни

ликот многу ви значи,

среќата ви е недостижен идеал,

а тагата често ве има.

Туку ајде врати се назад,

немој веќе да си се дрзнал

зашто ликот може да ми го види

само оној кој ќе го изберам сама.

Молња од некаде светна

вратата пред мене кога тресна

рамнодушен се вратив назад

и ни мисла не ми остана веќе,

зарем јас да се грижам

за она што работа и е нејзе?