ДОЖДОТ

(Од необјавената збирка „Кучешко време“ – четврти дел „Раѓање“)

Со дождот

солзите ми навираат,

плачеме заедно

јас и небото.

Моите солзи

се плод на мојата тага,

небото плаче

за да го испере,

со солзите,

земскиот грев.