ЗАМОЛЧЕНО ВРЕМЕ

(Од необјавената збирка „КУЧЕШКО ВРЕМЕ“ – трет дел: „СЛОБОДАТА“)

Чмае вистината,

грми тишината,

казнува стравот

во замолчено време.

Во мајчина утроба,

скришно,

се развива плодот

на херојот, кој ќе го ослободи зборот.