ПРОМЕТЕЈ

(Од необјавената збирка „КУЧЕШКО ВРЕМЕ“ – четвртти дел: „РАЃАЊЕ“)

Во меѓупростор згмечен,

заборавен и стутулен

молчам, ли молчам,

западнат во мисла,

творечки вдахнат,

ѕидам, ли ѕидам

кули од вечност.

Неброен свет

минува крај нив

со смрзнат презир

во погледот блед.

Ќе имам ли доволно пламен

да го стопам мразот,

во топлина да го облеам овој свет.