„ЛАШТИГЕРОТ“ – ЛОКАЛИТЕТ СО ОСТАТОЦИ ОД УТВРДЕНА НАСЕЛБА ОД БРОНЗЕНОТО ВРЕМЕ НА ИМПОЗАНТНА ТУМБА КАЈ СЕЛОТО МАНАСТИР, ПРИЛЕПСКО
На десниот брег на Црна Река (Еригон), од десната страна на патот Прилеп–Витолиште, се наоѓа една голема тумба со исклучително правилна форма на конус со пресечен врв. На горниот дел од тумбата има рамнина со површина од околу 0,3 ха, која зафаќа доминантно место над околниот простор и е вистинско место за набљудување на пошироката околина. Жителите на селото Манастир ова место го нарекуваат „Лаштигер“, а според некои дообјаснувања ова име настанало со искривување на постарото „Влашки Град“. Овде локалитетот го споменуваме не заради неговата импозантност, туку повеќе заради трагите од праисториска населба кои се среќаваат на површината на тумбата. Имено, на нејзините падини се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, покривна керамика и сл., кои според формата и релјефн[1] Во секој случај сигурно е дека се работи за траги од населба од праисторијата која била расположена на оваа голема тумба и на нејзините падини. На дел од западните падини на тумбата керамиката е многу позастапена, а некои форми на теренот индицираат и постоење на траги од извесни градби. Со оглед на фактот дека керамиката од подоцнежните времиња не е застапена или ја има сосема ретко, може да значи дека на тумбата егзистирала населба само во предисторискиот период. На западниот раб на рамнината од тумбата се пронајдени значителни количества печен куќен лепеж кои упатуваат на градби со таков материјал кои се карактеристични за бронзеното време.

Импозантната тумба „Лаштигер“ („Влашки Град“), веројатно поседувала и утврдување на нејзиниот рамен дел на врвот на што укажуваат острите рабови на приближно кружната рамнина и растурениот камен на нејзините падини, посебно на североисточната. Значи праисториската населба на оваа тумба располагала и со ограден ѕид за заштита на населението од нападите на непријателите. Дека оваа тумба има исклучителна позиција со стратегиско значење покажуваат и рововите од Првата светска војна кои и денес се наоѓаат на неа. Според тврдењето на жители од селото Манастир, едниот од рововите претставувал топовско, а другиот митралеско гнездо.
„Лаштигерот“ – праисториска населба со утврдување – од север „Лаштигерот“ – праисториска населба со утврдување – од север 2 „Лаштигерот“ – праисториска населба со утврдување – од север 3 „Лаштигерот“ – праисториска населба со утврдување – од север 4 „Лаштигерот“ – праисториска населба со утврдување – од север 5 Дел оид карпестиот раб на рамнината на врвот на „Лаштигерот“ Еден од рабовите со лента при мерење на површината на платото Еден од рабовите на платото на „Лаштигерот“ При мерењето на површината на утврденото плато на Лаштигерот – со проф. д-р Виктор Лилчиќ Еден од рабовите со дел од стрмната страна на локалитетот Пристапот кон врвот со рамното плато од северната страна Еден од рабовите на платото кое било утврдено во праисторијата Фрагменти од керамички садови на лице место Од мерењето на површината на утврдувањето со д-р Виктор Лилчиќ „Лаштигерот“ од исток „Лаштигерот“ од исток 2
1 Извештај од рекогносцирање на археолошки локалитети во Мариово, Завод и Музеј–Прилеп 2001.
[1] Извештај од рекогносцирање на археолошки локалитети во Мариово, Завод и Музеј–Прилеп 2001.