МЕГАЛИТОТ „ПРОСТИОТ КАМЕН“ КАЈ СЕЛОТО ЧАНИШТЕ, ПРИЛЕПСКО

На околу 300 м источно од последните куќи од северниот дел на селото се наоѓа исправен камен со шематизирана антропоморфна форма. Каменот е од домашно потекло, а според наодите од површината се наоѓа на помал тумул од железното или бронзеното време. На 1 м северно од мегалитот има карпа со издлабено правоаголно корито со помали димензии, кое би можело да биде и лежиште за негово поставување, доколку на делот кој е закопан во земјата има клин со соодветни димензии. Денес, жителите, овој мегалит и локалитетот на кој се наоѓа го нарекуваат „Простиот Камен“. Дека не се работи за „прост” камен покажува и писмото кое е врежано на две места на неговата североисточна страна. До денес не е прочитано од епиграфичар. Се работи за две натписни полиња, во кои јасно се гледаат врежани писмени симболи, но е тешко да се прочитаат. Првото натписно поле е во рамка, која започнува веднаш под главата (триаголната форма) на стелата и зафаќа поголем дел од рамната површина, а второто натписно поле е при самодот дно на стелата и зафаќа помала површина. Наш впечаток е дека двата натписа потекнуваат од различно време, односно, дека стелата била употребувана и секундарно.

„Простиот Камен“ од исток
„Простиот Камен“ од исток

Мегалитот претставува ретко зачувана стела од древната традиција на обележување на гробови на просторот на Македонија, кој долго време се задржал, посебно во ридско–планинските подрачја какво што е Мариово. Според археолозите, обележувањето на гробовите е карактеристичнио за архајскиот период, но не е сиклучено дека слично обележување на вечните почивалишта не постоеле и во постарите периоди, особено во жлезното, па и бронзеното време од кое потекнуваат и т.н. родовски гробници, познати како тумули, кои на просторот на селата чаниште и Крушевица ги има во исклучителен број. Токму, местото на кое се наоѓа стелата за која овде станува збор, оддава впечаток на тумул, но за потврда на ваквата претпоставка е потребно соодветно археолошко истражување. Голем број вакви тумули има и во поблиската околина на „Простиот Камен“, а некои од нив се и археолошки истражувани од страна на Заводот и Музеј од Прилеп.

Со селото Чаниште
Со селото Чаниште

На дваесетина метри јужно од овој мегалит, на една карпа со куполесто извишен врв, на помала терасеста форма оид нејзината јужна страна се среќаваат симболи оформени со помали кружни јами, кои ја збогатуваат културната слика на локалитетот.

КАРПА СО ВРЕЖАНИ СИМБОЛИ

Карпата со симболи во близина
Карпата со симболи во близина

На неполн километар североисточно од „Простиот Камен“ се наоѓа и локалитетот „Убава Глава“, кој претставува доминантен рид, со поголемо плато и неколку тераси, на кои била расположена силна тврдина, најмалку во доцната антика и средниот век, а според некои археолошки наоди и во раната антика и римскиот период. На само 200 до триста метри југоисточно се наоѓа уште еден помал рид, со утврдено плато и наоди кои упатуваат на доцната антика, а слични наоди има и на голем број други места од поблиската и подалечната околина. На тој начин, целиот овој простор изобилува со голем број наоди од различни времиња, па самата стела на „Простиот Камен“, наоѓајќи се во таква културна опкруженост, станува објект од посебен интерес за истражување, анализа и идентификување на нејзината намена и значење.

 

Димензии

– мегалит

висина:

– југоисток        1,52 м

– северозапад           1,62 м

ширина:            0,80 м

дебелина:         0,20 м

– глава на мегалитот

висина:              0,12 м

– лежиште за стелата или реципиент во карпа

должина:                    0,33 м

ширина:            0,13 м

длабочина:       0,06 – 0,10 м

Со историскиот врв Маргара и селото Чаниште во позадина
Со историскиот врв Маргара и селото Чаниште во позадина

Датирање: Од 2000 до 700 г. пр. н.е.

 Белешка: Според предание, Простиот Камен претставува еден од граничниците на извесни древни гранични обележувања. Според ѓорѓи Иваноски од селото Чаниште границата одела од Бакарно Гумно, кај селото Чепигово, преку врвот Маргара со тамошниот „граничник“ „Писаник“, па понатаму преку Црна Река.

Извесен српски учител Раде, кој во с. Чаниште работел во „бившото“, копал околу Простиот Камен.