ХЕРАКЛЕ И АТИНА ОД НЕБРЕГОВО, ПРИЛЕПСКО

„Дека Александар по своето потекло од таткова страна бил Хераклид, од лозата на Каран, а по мајкина лоза Еакид од лозата на Неоптолем, тоа сосема сигурно се знае.“

Плутарх

 

Една мермерна плоча со натпис, која е вградена во јужниот ѕид на селската црк ва во Небрегово особено го привлекува вниманието. Таа е мала благо профи ли рана плоча со релјеф на кој се претставени два лика од античката митологија на овој простор. Плочата е со димензии од околу 0,4 х 0,4 m и на неа, со нагласен квалитет се изработени во релјеф Херакле и божицата Атина.1

Црквата во селото Небрегово
Црквата во селото Небрегово

Херакле е познат јунак, херој и бог од митологијата на Балканот, Мала Азија, Египет и други делови од светот. Доде ка едни го славеле како јунак, односно како херој, други го славеле како бог. Се знае дека Македонците Херакле го славеле како бог, но и како основоположник на маке донската кралска куќа. Тој се ценел како прв крал на Македонија од кого потек ну вале сите други кралеви од лозата на тн. Хераклиди. По него, како легендарни, исто риски непотврдени македонски кралеви се сметале Хил, Клеодај, Аристомах, Темен, Кисеј и други, а меѓу нив и добро познатиот од преданијата Каран,2 за кого се смета дека бил крал на Македонија во VIII век п.н.е..

Ѕидот со плочата на која се претставени Херакле и Атина
Ѕидот со плочата на која се претставени Херакле и Атина

Херакле, според митолошкото предание бил син на врховниот бог Ѕевс и Алк мена, жена на Амфитрион, крал на Тројзен.3 Ѕевс кај Хера отишол преправен во нејзи ниот маж Амфитрион и така ја остварил својата намера да го зачне најголемиот јунак на сите времиња. Тој за тоа ја избрал Алкмена бидејќи сметал дека само таа е спо собна да роди таков јунак. Инаку Алкмена била и најубава жена на своето време. Херакле се родил во Теба, бидејќи неговиот несуден татко Амфитрион бил изгонет од Арголида поради ненамерното убиство на својот дедопророштво на Мајката Земја, детето требало да биде женско и дека веднаш по него ќе роди машко дете, кое ќе го симне Ѕевс од престолот на небото. Поради тоа Ѕевс ја залагал Метида во својата постела и ја проголтал. Подоцна, додека шетал покрај брегот на езерото Тритон, ненадејно го заболела главата, толку силно што целиот небесен свод оддекнувал од неговите лелекања. Дотрчал гласникот на боговите, Хермес, открил за што се работи и со дрвен чекан му направил рез на главата. Од отворот, со воен повик, скокнала Атина во полна воена опрема.11

Мермерната плоча со Херакле и Атина
Мермерната плоча со Херакле и Атина

Платон, Атина ја поистоветувал со либијската божица Неит од времето на мат ри јархатот. Свештеничките на Неит биле девици и еднаш годишно се бореле со оружје за местото на врховната свештеничка.12 Поради ваквите приказни за нејзиното раѓа ње и настаните од нејзиниот живот поврзани со оружје, Атина е претставувана во воена опрема, со долг фустан, шлем, штит и копје. Слично е претставена и на мер мерната плоча од Небрегово.

На плочата од Небрегово, Освен Херакле, кој е претставен со својата суровица, и божицата Атина со своите атрибути, меѓу двата лика на релјефот е изработен жртвеник. Ликовите се претставени во исправена положба, во ан – фас.

Според многубројните приказни, Херакле се смета за типичен свет крал, маж на племенската нимфа, која била инкарнација на божицата на Месечината. Божицата Месечина имала повеке имиња. Покрај Хера, Авга, Јола и други имиња, таа била наре кувана и Атина.13 Можеби токму оваа митолошка врска е причина за претставата на мермерната плоча од Небрегово, на која се среќаваат заедно Херакле и Атина. Тоа, веројатно е поврзано со соодветниот култ кој се негувал во овој простор, како и со приказната за потеклото на македонската династија Хераклиди од Херакле.

Влезот на оградата од црквата со стари мермерни елементи
Влезот на оградата од црквата со стари мермерни елементиОсвен ваквите претпоставки, сосема е нормално да се претпостави дека овој мермерен споменик потекнува од извесен храм, кој му бил посветен на споменатите култови. Сосема нормално, тој се наоѓал некаде во блиската околина во која се среќаваат и остатоци од населби од соодветниот период.
Мермерен столб во дворот на црквата
Мермерен столб во дворот на црквата
Уште еден мермерен столб
Уште еден мермерен столб

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Мермерен блок со квадратен пресек
Мермерен блок со квадратен пресек
Скали од стари мермерни елемнти на помошна просторија
Скали од стари мермерни елемнти на помошна просторија
Убаво обликуван мермерен блок
Убаво обликуван мермерен блок
Култниот Златоврв доминира и со атарот на Небрегово
Култниот Златоврв доминира и со атарот на Небрегово

, Студии за античките Македонци, HISTORIA ANTIQUA MACEDONICA, посебни изданија, Скопје 1997, 293.

3 Роберт Гревс, Грчки митови, Фамилет, Београд 1999, 347, 348.

4 Исто, 348.

5 Исто.

6 Исто, 350.

7 Диодор Сицилийский, ИСТОРИЧЕСКАЯ БИБЛИОТЕКА,Книга I, гл. I—VIII (введение), Текст приводится по изданию:Вестник

древней истории, 1986, № 2, стр. 82 и сл. Перевод В. М. Строгецкого .OCR Halgar Fenrirsson, 118

8 Плутарх, Животот наАлександар Македонски, Славните ликови од антиката, Споредбени животописи, превод, увод и

белешки – Милош Ѓуриќ, Матица српска, Нови Сад 1978, 101.

9 Pauzanija, Vodič po Heladi, Preveo I komentarom propratio:Uroš Pasini, Logos, Split 1989, 30. Роберт Гревс, Грчки митови,

10 Роберт Гревс, Грчки Митови, 38.

11 Исто, 40.

12 Исто, 39.

13 Исто, 350.